Колку често сте имале можност да видите како некоја многу паметна личност направила катастрофално глупава грешка? Постои една изрека која вели: „Кога губиш, не ја губи лекцијата“. Па, дали сите ние сме доволно свесни за своите грешки и дали успеваме да научиме нешто од нив? Погледнете ги следниве 7 причини поради кои паметните луѓе прават глупави грешки и употребете ги како еден вид лекции со цел да не ги повторите и вие…
rn
1. Не застанувате за да размислите
rnКога сте во брзање, наместо малку да застанете и размислите, вашиот мозок почнува да се врти во круг и емоциите да надвладуваат над вас. Токму затоа и правите непромислени грешки. За време на едно американско истражување, научниците го снимале мозокот на политичари кои дебатираат и откриле дека единствениот дел од мозокот кој бил активен во тој момент кај нив е делот за емоциите.rn
2. Ги гледате само вашите лични проблеми
rnПостои едно истражување каде студенти требало да напишат приказна за добриот Самарјанин и потоа да ја споделат со што е можно повеќе луѓе на факултет. Сите тие толку многу брзале за на време да ја завршат својата задача, што само мал дел од нив го забележале човекот на земја кој имал потреба од помош. Луѓето едноставно не гледаат далеку ако е во прашање нивниот личен опстанок.rn
3. Не знаете што не знаете
rnНајпознат пример за ова е анегдотата за англискиот крал Џорџ III кој на денот кога започнала револуцијата во Америка, 4 јули 1776, тој во својот дневник запишал: „Денес ништо не се случи.“ Размислете, колку нешта во истиов момент се случуваат околу вас, а вие воопшто не ги забележувате?rn
4. Дури и кога не сте во право, не се сомневате во себе
rnНашиот мозок е програмиран да создаде чувство на сигурност во скоро сите нешта кои ги правиме. Како инаку би се избориле со неизвесноста на секојдневниот живот? За жал, само по себе, чувството на сигурност не гарантира дека се движиме по вистинскиот пат.rn
5. Не ја гледате перспективата на другите луѓе
rnСите ние сме способни да ги видиме нештата низ очите на другите, без разлика на ситуацијата. Но, поголемиот дел од времето луѓето забораваат дека ја поседуваат оваа способност и целосно се фокусирани само на она што тие го гледаат пред себе. Луѓето не се спремни да го послушаат туѓиот совет, бидејќи за тоа е потребно да поставуваат прашања и внимателно да го сослушаат својот соговорник.rn
6. Брзо донесувате заклучоци
rnСè што ќе научите во вашиот живот, брзо ќе премине во автоматска навика со цел да го ослободите вашиот ум. Кога возите автомобил или пак, кога куцате на тастатура вие не размислувате за тоа туку едноставно го правите. За жал овој вид мускулен автоматизам се пренесува и на важните животни одлуки. Вие ги донесувате нив несвесно, а потоа разумно правите сè со цел да се оправдате, без разлика колку се тие самите неразумни.rn
7. Не ја гледате пошироката слика
rnОва се случува кога од дрвјата пред вас не можете да ја видите целата шума. Вие донесувате одлука исклучиво врз ограничени информации, па токму затоа наместо според целиот филм, вие за него донесувате заклучок само од оние неколку сцени кои сте сте ги виделе.

