КАФЕ ПАУЗА

5 алтернативни начини да ја испеглате облеката без употреба на пегла

Пеглањето за време на летото е за многумина најтешката домашна обврска и лесно може да се сфати зошто. Бидејќи температурите се високи, никој не сака да го поминува своето време покрај топла пегла која уште повеќе грее. За среќа постојат и други начини на кои можете да ги испеглате вашите алишта без притоа да користите пегла. Погледнете како…rnrn5 алтернативни начини да ја испеглате облеката без употреба на пеглаrn

1. Мокар пешкир

rnОблеката која сакате да ја испеглате ставете ја на рамна површина, па врз неа ставете мокар пешкир. Притиснете го силно и израмнете ги сите стуткани делови и потоа оставете ја облеката да се исуши.rn

2. Пареа од бањата

rnЗатворете ги прозорците и вратите во бањата и поставете ја облеката на закачалка во близина на тушот кога ќе се бањате и пареата од бањата ќе ги израмни сите набори на вашата облека. Вие треба само да внимавате да не ја намокрите додека се туширате.rn

3. Прскање со вода

rnПоставете ја облеката на место каде што можете да намокрите и испрскајте ја со вода. Во шишето вода со прскалка можете да додадете и малку омекнувач за облека, со цел да добиете поголема мекост. Откако ќе ја испрскате, оставете ја на воздух да се исуши.rn

4. Пегла за коса

rnПред да преминете на пеглањето, отстранете ги сите влакна и препарати за коса кои можеби се останати врз пеглата за коса и регулирајте ја топлината во однос на материјалот кој треба да го испеглате.rn

5. Коцки лед во машината за сушење

rnСтавете ја облеката во машината за сушење и додајте неколку коцки лед, па пуштете ја да работи неколку минути на висока температура. Ледот ќе се стопи, претворајќи се во пареа која ќе ја израмни вашата облека. Овој метод делува само доколку машината е малку наполнета.