Формула за вечна љубов: Што ги карактеризира среќните парови во долготрајните врски?
Најдобриот показател за колку долго ќе трае вашата љубовна врска или брак е колку сте всушност позитивни или негативни еден кон друг. Заклучокот од повеќегодишното истражување на психологот Џон Готман, како и математичките пресметки на Хана Фрај ни ја откриваат „формулата“ која гарантира долготрајна врска.
Потпирајќи се на повеќегодишната студија која го проучувала крвниот притисок, фацијалните експресии како и комуникацијата помеѓу стотина парови, математичарката потврдува дека има многу поголема шанса за одржување на љубовта кај оние парови кои имаат понизок праг за толерирање негативност во животот.
Позитивна врска наспроти негативна врска
Позитивните врски се оние каде што и двајцата партнери се сметаат за среќни, а лошото однесување се карактеризира како необична појава. На пример, станува збор за врските во кои еден партнер би ја објаснил мрзливоста на другиот како последица од стрес или малку сон. Во негативните врски ситуацијата е спротивна. Лошото однесување се смета за вообичаена појава. Токму затоа во овој случај едниот партнер би ја објаснил мрзливоста на другиот како типично однесување предизвикано од себичност или некоја друга карактерна маана.
Формулата за љубовта ни укажува дека реакциите на мажот или жената во врските многу зависи од нивното посебно расположение, како и од расположението кога се заедно. Најголема улога игра влијанието кое партнерите го имаат еден врз друг.
Брзо решавање на малите проблеми
На пример, ако сопругот се пошегувал или сложил со одредено тврдење на нејзината сопруга, таа ќе реагира на позитивен начин. Но, ако ја прекинал во својата изјава или ги отфрлил нејзините зборови, таа природно ќе реагира негативно. Единствената разлика е што кај среќните парови во долготрајните врски има многу повеќе позитивни интеракции, бидејќи кога ќе се појави каков било проблем во врската, тие веднаш го спомнуваат и брзо наоѓаат решение, а потоа продолжуваат понатаму со животот.
Истражувањата и математичките пресметки покажале дека најсреќните врски се оние со низок праг на толеранција за негативност. Во овие врски паровите меѓусебно си допуштаат приговарања, не ги потиснуваат своите емоции и најмалите недоразбирања не ги претвораат во огромни промени кои можат да ја уништат врската.