Убаво тело не се добива преку ноќ: 4 совети пред да одите во теретана

Сподели

Тргнувањето во теретана треба да биде смислено плански и дисциплински, а поголем број од почетниците не го знаат тоа. Тие мислат дека е доволно само да се појават и да вежбаат какви било вежби со тегови, на кој било начин, и со тоа да го добијат телото за кое отсекогаш сонувале. Но, не грижете се, потребно е време за да сфатите како навистина функционираат работите во теретаната.

Реклама

rn

1. Не се случува сè во теретаната

rnОсвен тренингот, важно е да се придржувате кон адекватна исхрана и одмор. Диетата треба да се испланира во склад со целите и може да биде разновидна. Мора да бидете свесени дека, колку често и да одите, не е доволно само да одите во теретана.rn

2. Не ги копирајте другите

rnГолем број почетници се несигурни, па се обидуваат да го имитираат она што го вежбаат искусните вежбачи наместо да ја следат почетната програма и да ги усовршат основните вежби. Ова вежбање може да ве повреди, па дури и во најдобриот случај може да ве доведе до премногу тренинг, а поради тоа ќе се откажете од одењето во теретана.rn

3. Заблуди и митови

rnМора да бидете спремни на илјада совети кои ќе ги добиете, а се однесуваат на вежбите и исхраната. Запомнете, никој не е експерт или нутриционист само поради тоа што е добро граден. За секој совет што ќе го добиете, посоветувајте се со експерт.rn

4. Нема брзи резултати

rnВо првиот месец од вежбањето веднаш ќе забележите резултати, но тие се привремени и ќе исчезнат ако престанете да вежбате со таа брзина. За поголеми и подобри резултати мора да вежбате долго и упорно.

Популарно

Може ќе ве интересира