5 комбинации кои не ви одземаат од висината туку ви додаваат неколку сантиметри плус

Сподели

Височината отсекогаш била проблем во модниот свет. Ниските девојки постојано слушаат совети за тоа како да изгледаат повисоки, што не треба да носат и сл. Денес, тие правила веќе не важат (барем некои од нив) и ниските девојки имаат поголем избор што треба да носат. За овие пет комбинации отсекогаш сте мислеле дека ве прават пониски, но правилно комбинирани, тие имаат моќ да ја издолжат вашата силуета.

Реклама

rn

1. Гладијаторките ќе ги проголтаат вашите нозе

rnЗа да избегнете да изгледате ниско, гладијаторките комбинирајте ги со шорцеви. Вака, дури ќе го постигнете и спротивниот ефект – ќе ги издолжите нозете. Исто така, и краткиот комбинезон изгледа преслатко кога е комбиниран со гладијаторки.

rn

2. Не смеете да носите балетанки

rnЕдинственото нешто на што треба да внимавате овде е пантолоните да бидат некаде до зглобот за да не ве проголтаат. Не ви се потребни високи потпетици за да изгледате и да се чувствувате дотерано.

rn

3. Макси фустаните ќе ја прекријат целата силуета

rnАко сте ниски, клучот во носењето макси фустан е тој да биде навистина долг – до подот и да биде струкиран под градите. Вака, ќе постигнете баланс без да изгледате како да носите завеса на вас.

rn

4. Миди здолништата не изгледаат добро на вас

rnЗа да ги издолжите нозете, одберете миди здолниште со висок струк во комбинација со кроп топ. Никогаш не можете да погрешите со оваа моќна комбинација.

rn

5. Обувките со ремчиња ќе ви ги „отсечат“ нозете

rnЗа да го избегнете ова, носете миди фустан или здолниште, со должина која е сосема доволна за да ги акцентирате вашите нозе и да покажете малку кожа.

Популарно

Може ќе ве интересира