Зошто љубовната врска е толку тешка работа?

Зошто љубовната врска е толку тешка работа?

Има ли поголемо задоволство од она кога ќе завршите некоја тешка работа? Предизвиците се менуваат, а вие будни, вклучени, присутни, отворени за да ги согледате работите од сите агли и за сите решенија, се чувствувате енергично и мислите дека правите нешто многу важно за вашиот сопствен живот. Не мора секогаш да го пронајдете најдоброто решение и да се чувствувате успешно, за да бидете успешни во тешката задача.

1-zoshto-ljubovnata-vrskata-e-tolku-teshka-rabota-www.kafepauza.mk_

Понекогаш чувството на пораз е најголемиот успех што можете да го постигнете, бидејќи тој ви покажува дека начинот на кој се обидувате да го решите проблемот не е оној вистинскиот – што не значи дека тој начин не е добар, брилијантен и генијален, туку едноставно не функционира во тој конкретен случај.

Да бидете во долга врска или во некој друг вид заедница, понекогаш бара да бидете делотворни, но тоа не значи дека мора да бидете брилијантни и генијални. Треба да ја ставите капата на скромноста и да излезете од рамките на вашето его, своите убедувања, своите вредности за да се приближите кон другата личност. И треба да го сфатите и да го прифатите тоа во оној момент кога мислите дека другата личност треба да го направи тоа за вас. Но, тоа е тешко, бидејќи вашата интелигенција тука нема да ви помогне.

Тука се бараат универзални вредности и индивидуален пристап. Бидете благородни, но бидете свесни. Немојте да дозволите другата личност со која сте во врска да ја искористи вашата добра страна. Немојте со својата големина да му го одземете на партнерот неговото право да се претстави во својата големина. Поедноставно, вам не ви е потребен неспособен партнер за вие да се покажете во вистинското светло, бидејќи врската не се смета за вистинска доколку двајцата не учествувате истовремено и рамноправно во тежините, како и во уживањето.

02=zoshto-ljubovnata-vrskata-e-tolku-teshka-rabota-www.kafepauza.mk_

Секако, ова не значи дека секогаш ќе бидете рамноправни. Напротив, често еден од вас ќе ужива повеќе, а другиот ќе биде повеќе оптоварен, но ова треба да биде во нормален размер. И тоа е тешко. Тешко е да се биде фер и да одолеете да не се извлекувате од таквата ситуација. И не само тоа, туку и да му велите на партнерот да се опушти додека вие го преземате неговиот дел.

Сепак, има и потешки работи. Вашата врска не е изолирана и безбедна од влијанието на семејните проблеми и оние од работата. Не е лесно да се биде истраен, добар, полн со разбирање и секогаш спремен да се допре до партнерот ни кога сè е мирно и добро, а особено кога ќе надојдат проблеми и тешки периоди. Тешко е да настапите како тим кон семејствата, да им поставите граници, и да го направите она што е неопходно за да им помогнете и истовремено да ја зачувате стабилноста на врската. Тешко е да останете тим, кога еден од вас напредува на работа, а другиот заостанува. Тешко е да бидете мотор, раце кои ќе веслаат кога тој мотор ќе престане, едро и ветер коj го исполнува, капетан на мала палуба, наизменично или со заеднички сили.

Но, нема поголема авантура која го исполнува вашиот живот со смисла и задоволство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар