Каква брада ви одговара според формата на лицето?

Каква брада ви одговара според формата на лицето?

Машките кои сакаат да носат брада, треба да ја обликуваат не само според моменталните трендови, туку и во склад со својот облик на лицето.

kakva-brada-vi-odgovara-spored-formata-na-liceto-kafepauza.mk

Брадата, како и фризурата, би требало да ја прилагодите на себе, но и да биде во тренд. Прво, проценете каков облик на лице имате, па потоа прочитајте каква брада ви одговара според советите на професионалните стилисти.

Четвртесто лице

Ви одговара брада од недела дена, која можете да ја скратите со ножички. За мазна кожа околу устата и брадата, посоветувајте се со бербер, барем на почетокот, а потоа контурата можете да ја одржувате сами.

Издолжено лице

На оваа форма на лице најдобро стои брада која визуелно го скратува лицето. Оставете ја да расте недела дена и одржувајте ја таа форма и должина.

Кружно лице

Идеална е стилизирана и разретчена брада, која се спојува со мустаќите, но избегнувајте ги бакенбардите. Најдобро е бербер да ви ја обликува брадата според ваша желба, а потоа можете и сами да ја одржувате.

Триаголно лице

Вам ви одговара разбушавена брада. Оставете ја да расте во линија со образите, оставете бакенбарди, a „накострешените“ влакна отстранете ги со жилет или ножички.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар