Претходно
Музичката кутија на Даниел Кампос
Даниел Кампос е повеќе од музичар и повеќе од танчар. Репертоарот на овој Филипинец го одликуваат толку многу стилови, што може да се споредува со некои големи светски музички имиња, како Мадона. Неговиот пристап е специфичен бидејќи тој музиката ја прави жива. Неговото последно парче, „Музичката кутија“ е добар пример за она за што тој е способен. Видеото трае 10 минути, но верувајте, вреди да го изгледате. Ова е некаков спој на глума, играње и творење музика. Нема да ви откриваме детали од сценариото, но ќе кажеме дека ова музичко-танчерско дело има и своја приказна. Браво за Даниел Кампос!
Доколку ви се допаѓа ваков тип музика, погледнете ги и видеата на Рену Хале кој создава музика од објекти што паѓаат, перкусионистичката изведба на Martin Breinschmid со машина за пишување и пијано жонглерот Ден Менендез.
aaaaaaaaa go znam…go obozavammmm….