11 маки со кои се соочуваат луѓето без чувство за ориентација

Сподели

Постојано се губите каде и да одите. Веројатно никогаш не сте го пронашле вистинскиот пат до дома, а без GPS сте целосно изгубени и не би се осудиле да го напуштите градот. Ова се маките со кои се соочуваат луѓето без чувство за ориентација.rn

Реклама

1. Кога некој ви објаснува со помош на страните на светот…

rnИсто како да ви зборува на странски јазик.rn

2. Кога излегоа GPS уредите, вашата прва помисла беше: „Конечно можам да излезам надвор од градов!“

rnТомТом и Гармин ги прават патувањата возможни за луѓето без чувство за ориентација.rn

3. Не излегувате ако батеријата ви е празна

rnНе Сири, не ме оставај сам! Немам идеја каде сум!rn

4. Сигурно неколку пати сте се изгубиле и сте немале мрежа на телефонот

rn„Епа ова е крајот. Овде ќе умрам.“rn

5. Додека одите на забава на некоја невообичаена локација добивате најмалку три пораки од пријателите…

rn„Каде си? Сè е ОК? Сврте лево? Го помина мостот? “rn

6. Се препотувате кога некој ќе ве праша дали може да ве следи со кола или велосипед…

rn„Секако дека може, ако не ти сметаат најмалку шест погрешни свртувања.“rn

7. Тргнувате еден час порано без разлика каде одите

rnПа нормално, за да имате време неколку пати да се изгубите.rn

8. Барате насоки и за местата на кои сте биле порано… едно 5-6 пати

rnА кога ќе стигнете на местото секако барате помош и од луѓето кои ги наоѓате таму.rn

9. Ниеднаш не сте излегле од продавница и притоа да знаете каде точно сте паркирани

rn„Ама знам дека овде ја паркирав. Мора да е овде. Некој ми ја украл колата?!!!“rn

10. Други патници + добра музика – дефинитивно ќе го згрешите патот

rnПа како да се концентрирате кога некој постојано зборува?!rn

11. Никогаш не сте оделе по скратен пат без да се изгубите

rnИ токму затоа одите по подолгиот. За да имате уште поголеми шанси да се изгубите.

Популарно

Може ќе ве интересира