Жан Жулијан е француски артист кој моментално живее во Лондон. Преку своите илустрации тој на интересен и сатиричен начин ја изразува својата критика кон денешното општество.
Одбравме 10 негови моќни и искрени илустрации кои покажуваат што не е во ред со нашето општество.rn
1. Луѓето се преокупирани со технологија
rnМногумина од нас трошат премногу време и енергија на своите смартфони, лаптопи и други паметни уреди. Но, дали со нив добиваме слобода или стануваме пооковани од кога било? Клучот е во умереноста.rn
2. Дали ова е поентата на врските? Не би рекле.
rnОва е вистинско сценарио во кое две личности би требало да се нормален пар кој ужива во заедничкото време со партнерот. Но, тие се толку обземени од нивните гаџети поврзани на интернет што тоа може да ја загрози нивната врска.rn
3. Потребно ни е време за сè што правиме, но за жал него не можеме да го контролираме
rnМожеме да се контролираме само себеси. Поставуваме приоритети затоа што не можеме да направиме сè наеднаш. Тешко е да се занемари фактот дека времето ни истекува. Проблемот на некои луѓе е во тоа што се потпираат на „утре“, но „утре“ секогаш ќе трае исто толку колку и „денес“.rn
4. Заблуда е дека луѓето мора секогаш да бидат во тренд
rnРеално, не е задолжително луѓето секогаш да ги следат последните трендови. Носете го она што ви одговара и што ве прави да се чувствувате удобно и убаво.rn
5. Mногу луѓе ги осудуваат другите заради изгледот
rnПрестанете да осудувате и почнете да сфаќате дека дебелите луѓе не се секогаш во лоша здравствена состојба, исто како што здравите луѓе немаат секогаш идеална форма на телото.rn
6. Расизмот е насекаде
rnРасизмот има одземено премногу животи. Секој мора да биде свесен дека не нè дефинира бојата на кожата, туку хуманоста.rn
7. Насилството никогаш не е одговор!
rnНа насилство не се одговара со насилство. Нема шанси преку насилство да се добие правда.rn
8. Срамота е колку некои луѓе знаат да бидат бесчувствителни
rnЛуѓето на кои им е поважно да направат слика наместо да им помогнат на другите, сериозно нè застрашуваат!rn
9. Селфињата се насекаде
rnНо што е погрешно во врска со селфињата? Тие се само слики? Всушност, сè е во ред со селфињата. Сè додека на некои луѓе не почнат да им влијаат на самодовербата, поради што може да се чувствуваат супериорно или инфериорно, во зависност од тоа како општеството ги просудува.rn
10. Благословени се ониe кои можат да слушаат, надарени се оние кои можат да разбираат
rnЛуѓето кои не слушаат се луѓе со кои не треба да го споделувате вашиот живот.

