Момци, со неколку едноставни гестови можете да ја освоите секоја девојка

Момци, со неколку едноставни гестови можете да ја освоите секоја девојка

Мажите имаат тешка задача кога станува збор за излегувањето на состанок со некоја девојка. Секако, вие мора да се соочите со многубројни одбивања од страна на дамите. Многу е тешко да останете позитивни и да продолжите да се обидувате кога и самите гледате дека вашите обиди не водат никаде. Во денешно време излегувањето на состанок станува сè помалку лична работа, а секоја девојка не сака да биде само обична бројка во нечиј живот. Сонот на секоја девојка е таа да се почувствува специјално и почитувано, па затоа момци, додадете ги овие работи на вашиот репертоар.

1-momci-so-nekolku-ednostavni-gestovi-mozhete-da-ja-osvoite-sekoja-devojka-www.kafepauza.mk_

1. Јавувајте ѝ се. Телефоните сè уште имаат функција за повикување. Но, во денешно време сè е сведено на допишување. Јавете ѝ се на вашата девојка за да излезете и ви гарантираме дека нема шанси таа да ве одбие.

2. Давајте ѝ комплименти. Сите сакаат да добиваат комплименти. Особено девојката која потрошила неколку минути повеќе само за да изгледа убаво за вас. Или пак, кажете ѝ дека изгледа убаво тогаш кога најмалку го очекува тоа.

3. Бидете џентлемен. Отворете ѝ ја вратата од автомобилот, придржете ѝ ја столицата додека седнува, помогнете ѝ додека ја облекува јакната. Кавалерството е бајка за секоја девојка, но вие можете да го направите тоа да стане реалност.

4. Направете нешто добро за нејзините пријателки. Победата над нејзините пријателки е половина од битката, па зошто не придобиете неколку од нив на вашата страна?

5. Не обидувајте се да поправите сè – само слушајте. Инстинктот да ѝ понудите решение за секој проблем е природен, но понекогаш девојките сакаат само да се искажат. Вие не треба да се обидувате да поправите сè – таа може да го направи тоа сама – само бидете тука за неа и сослушајте ја.

2-momci-so-nekolku-ednostavni-gestovi-mozhete-da-ja-osvoite-sekoja-devojka-www.kafepauza.mk_

6. Изненадете ја. Ако таа претходно ви кажала дека со нетрпение очекува да излезе некој нов филм, кога тој ќе се појави на репертоарот, вие изненадете ја така што ќе ја однесете во кино. Потрудете се повеќе и сами испланирајте состанок, а таа сигурно ќе сака да ве види повторно.

7. Гответе за неа. Ако можете да зготвите барем едно јадење, направете го тоа! Тоа не мора да биде некое комплицирано јадење. Доволно е само да покажете дека сте го направиле тоа само за неа. Таа ќе биде воодушевена.

8. Држете ја за рака во јавност. Вие не се плашите да му покажете на светот дека сте со неа. Со овој гест вие тотално сте ја освоиле.

9. Танцувајте. Таа секако нема да очекува да сте професионалец. Доволно е само да ја држите за половина и да играте бавно и полека. Немојте да го користете изразот „јас не знам танцувам“ како останатите мажи.

10. Повикајте ја да излезете заедно со вашите пријатели. Таа не сака да излегува секоја вечер со нив, па затоа повикајте ја барем еднаш да излезе со вашите пријатели. Со ова ќе ѝ покажете дека сакате таа да биде дел од вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар