Коктелите можеби се првото нешто што треба да го има на секоја забава, но не помалку важна е и закуската. Даските со сирење се здодевни, а никој не сака да поминува часови и часови покрај рерната за да подготви нешто специјално.rnrnЗатоа овој лесен чипс од само една состојка ќе ја задоволи потребата од нешто забавно и солено, а сепак лесно и брзо се подготвува. Исто така е и одличен избор за грицки кога сакате да ја поминете ноќта во пижами пред вашиот телевизор.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 240 г зрел чедар кашкавал, рендан (или друг вид тврд кашкавал)
- 1 лажичка мелен ким, анасон или чили (или друг зачин, по желба)
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnЗагрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.rnrnВо голем плех поставете хартија за печење. Настрана измешајте ги кашкавалот и зачините. Ставете 2 лажици од смесата врз хартијата за печење и распоредете ја убаво со виљушка така што ќе направите кружна форма од околу 10-12 сантиметри. Повторете го ова со остатокот од смесата, притоа оставајќи по 5 см помеѓу секој круг. Преостанатата смеса чувајте ја за втората тура.rnrnСтавете го плехот во рерна и печете 6-8 минути или додека чипсот не почне да добива потемна боја. Не дозволувајте да стане сосема кафен бидејќи ќе горчи. Со шпатула внимателно извадете го чипсот од плехот и веднаш префрлете го врз дебело сукало, шише или друг предмет со цилиндрична форма. Ова на грицките ќе им даде заоблена форма.rnrnАко сакате рамен Фрико чипс само префрлете го врз кујнска хартија.rnrnОткако ќе се излади, чипсот може да стои во херметички сад до 2 дена.rnrn
