Вегански чоколатца кои ќе ве освежат во жешките летни денови

Вегански чоколатца кои ќе ве освежат во жешките летни денови

Одлична замена за сладолед во жешките летни денови

0-veganski-cokolatcinja-koi-ke-ve-osvezat-vo-zeskite-letni-denovi-kafepauza.mk

Потребни состојки:
За тестото:
  • 250 г цели бадеми
  • 2 лажици кокосово масло
  • 2 лажици кокосов сируп (може и јаворов сируп или мед како замена)
  • 1 лажица путер од бадем или путер од кикиритки
  • ½ лажиче цимет
  • Прстофат морска сол
За средниот слој:
  • 2 средно зрели излупени банани
  • 60 мл кокосово масло, омекнато
  • 2 лажици путер од бадем или путер од кикиритки
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • Прстофат морска сол
За чоколадниот прелив:
  • 3 лажици чоколадни трошки
  • ½ лажица кокосово масло

1-veganski-cokolatcinja-koi-ke-ve-osvezat-vo-zeskite-letni-denovi-kafepauza.mk

Начин на подготовка:
  1. Поставете хартија за печење на четириаголен плех. За да го подготвите тестото, ставете ги бадемите во блендер и мелете додека не добиете ситни трошки, малку покрупни од песок. Додадете ги и останатите продукти за тестото и мешајте додека не се соедини смесата. Смесата треба малку да се лепи и да ви останува на прстите кога благо ќе ја притиснете. Ако не се случува ова, додадете малку вода и мешајте уште неколку минути.
  2. Откако смесата добро ќе се измеша, турете ја во плехот. Потрудете се да биде еднакво распоредена и потоа нежно притиснете. Ако смесата ви се лепи за рацете, можете да ги наводените. Додека го подготвувате средниот слој, плехот нека стои во замрзнувач.
  3. За подготовка на следниот слој повторно ви е потребен блендерот. Измешајте ги сите продукти кои ви се потребни за средниот слој и миксирајте ги додека целосно не се соединат. Потоа извадете го плехот од замрзнувач и турете ја смесата врз првиот слој. Откако повторно ќе ја изедначите смесата, вратете го плехот во замрзнувач каде треба да стои 1 до 1 и пол час, додека средниот слој целосно не замрзне.
  4. Кога средниот слој е веќе цврст, време е да го подготвите чоколадниот прелив. Во мало тенџере загрејте ги чоколадните трошки и кокосовото масло на најниска температура и мешајте додека целосно не се растопат. Кога веќе половина од чоколадните трошки се стопени, тргнете го тенџерето од оган и мешајте додека целата смеса не се стопи. Потоа, извадете го плехот од замрзнувачот и исечете го тестото на четириаголни парчиња. Потурете ги со чоколадниот прелив и вратете ги во замрзнувачот сѐ додека не се стврдне чоколадото. Уживајте во нив штом ги извадите од фрижидер затоа што многу брзо се топат.

2-veganski-cokolatcinja-koi-ke-ve-osvezat-vo-zeskite-letni-denovi-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар