Летни правила за облекување: Што е дозволено на работното место?

Летни правила за облекување: Што е дозволено на работното место?

Тешко е да се справиме со горештините во тесни црни фармерки и затворени обувки во кои ни кожата не може да дише. Но, и не мораме. Иако работниот кодекс во многу професии не дозволува којзнае колку отстапки, сепак некаде има можност за варијации. Еве неколку правила за тоа што и како треба да носите на работното место во текот на летните месеци.

00-letni-pravila-za-oblekuvanje-sto-e-dozvoleno-na-rabotnoto-mesto-kafepauza.mk

1. Никако не носете облека што би ја облекле за на плажа

Никако, никако не е дозволено, ама баш никако. Не смеете да си дозволите да го ризикувате професионализмот поради облеката. Во ред е да покажете малку кожа во елегантен и пристоен летен фустан, но да се појавите во фустан кој би го облекле за на плажа е навистина невкусно. Гледајте ја средината во која работите и држете се до тие граници. Вообичаено тоа значи софистицирани, но не премногу тесни фустани или сако со свилена блуза и пошироки пантолони.

2. Пронајдете си униформа

И тргнете од тоа. Униформата не мора да значи нешто строго. Може да биде каква што сакате, но под услов да биде дозволена во работната околина. Најдобар избор во лето ви се кошулите од памук и лен бидејќи во тие материјали кожата може да дише и да остане доволно хидрирана. Тоа значи дека сите кожни, антилоп и секакви други материјали одмараат до есента. Добар избор е и здолниште во А-линија или пошироки модели на пантолони, кошула и малку златен накит за да ја ублажите строгоста на комбинацијата.

1-letni-pravila-za-oblekuvanje-sto-e-dozvoleno-na-rabotnoto-mesto-kafepauza.mk

Уште пошик варијанта е одело со палто без ракави или долги шорцеви со прилагоден крој. Веќе неколку пати кажавме дека шорцевите се соодветни за на работа, само треба да обрнете внимание на должината и да не бидат премногу тесни.

3. Кратко… кратко… прекратко

Со зголемувањето на температурите, должината на облеката се скусува и се скусува. Но што е прифатливо за на работното место? Според општиот консензус, најкратката дозволена должина е неколку сантиметри над коленото. Тоа значи – кратките шорцеви и мини-здолништата оставете ги за излегување.

Но, за најдобро да ја проверите должината, тогаш пробајте со седечкиот тест: Седнете пред огледало и ако кожата на вашите нозе ја допира површината на која седите тогаш парчето е премногу кратко. За среќа, модните дизајнери им излегле во пресрет на зафатените бизнис жени со креирање на миди здолништето чија должина (до половина од листот на ногата) е совршена за на работното место.

4. Носете светли бои

Соберете ги сите темни парчиња облека и заробете ги во плакарот. Летото е период за експериментирање со весели и живи бои. Црното заменете го со бело, така добивате елегантен изглед, а останувате освежени, бидејќи белата ја одбива светлината. Одличен спој се розовите нијанси со крем и бледи зеленикави тонови. А портокаловите со кралско сините бои се вистински предизвик.

2-letni-pravila-za-oblekuvanje-sto-e-dozvoleno-na-rabotnoto-mesto-kafepauza.mk

Ова се генералните правила:

Носете:

Слоеви. Тешко е да се прилагодиме од врелите улици на климатизираната канцеларија. Решение? Чувајте кардиган или сако во канцеларијата.

Не носете:

Oтворени обувки. Рамните обувки се одличен избор бидејќи нема да чувствувате болки во нозете. Оваа сезона сѐ е во духот на рамните обувки. Од гладијаторки до секојдневни сандали – сите тие претставуваат добар избор, но сепак внимавајте да не ја откриете целата нога. Тоа е навистина невкусно и оставате лош впечаток. Најдобар избор ви е D’Orsay стилот. Изгледа елегантно, се гледа малку кожа, но не премногу.

Совет плус: облекувајте се за позицијата што би сакале да ја имате. Така им испраќате порака на луѓето дека се грижите да изгледате добро и се чувствувате како да имате незанемарливо присуство. Во тоа е моќта на правилните комбинации.

И најважно е да ги одржувате вашите обувки. Важно е тие да бидат чисти, одржувани и никако да нема гребаници по нив. Најдобра боја за обувки ви се голите нијанси. Изгледа навистина елегантно, не одзема внимание од целокупната комбинација и ја издолжува ногата. Оди апсолутно со сѐ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар