7 делови од телото кои не смеете да ги допирате со „голи“ раце

Сподели

Истражувањата ни покажуваат дека рацете се најчестите преносители на бактерии поради кои се разболуваме. Дури и кога редовно ги миеме рацете, со дланките и прстите допираме различни површини во околината, понекогаш дури и несвесно, па токму затоа преку нив можеме да си го доведеме нашето здравје во ризик. Опасноста од болести се зголемува доколку носите накит или пак, долги нокти кои се добро познати по собирањето нечистотии. Па, кои делови од телото треба да избегнувате да ги допирате со цел да се заштитите?

Реклама

rn

1. Лице

rnДопирањето на лицето со прстите треба да биде сведено на минимум, односно да се ограничите на утринско миење, шминкање и мачкање со крема. Кога допирате нечиста површина, а потоа ги потпирате прстите на лицето, вие се изложувате на ризик од различни видови кожни инфекции.rn

2. Ушна школка

rnСтавањето на прстите или било кои други предмети во ушната школка го загрозува здравјето на вашиот ушен канал. Кожата во овој дел од телото е исклучително тенка, па токму затоа е и склона на воспаленија. Докторите предупредуваат дека честото чешање во ушите може да биде причина за голем број медицински состојби кои бараат соодветен третман. Токму затоа, ако често чувствувате дека ве чешаат ушите, подобро посетете го вашиот лекар.rn

3. Очи

rnДопирањето на очите е дозволено само доколку ставате контактни леќи или се обидувате да извадите некое парче нечистотија. Било кој друг вид допирање на вашите очи може да доведе до црвенило како и до сериозни инфекции. Доколку често ви се случува да имате суви и иритирани очи, веднаш обратете се кај вашиот доктор.rn

4. Усна шуплина

rnЕдно неодамнешно британско истражување ни покажува дека кога на луѓето им е здодевно на работа, тие и до 20 пати во текот на еден час ги ставаат своите прсти во уста. Студијата исто така покажала и дека третина од сите зарази во телото се пренесуваат токму на овој начин.rn

5. Носна шуплина

rnПрестанете да „копате“ во вашиот нос со прстите. Оние личности кои имаат навика да „чепкаат“ во својот нос имаат и до 51% повеќе шанси да се здобијат со стафилококи. Оваа бактерија е една од најчестите инфекции кои се пренесуваат на овој начин.rn

6. Областа под ноктите

rnЕкспертите советуваат да имате што е можно пократки нокти, бидејќи кожата под нив е исклучително чувствителна и претставува еден вид „џеб“ за задржување опасни бактерии од околината. Опасноста е уште поголема доколку не го чистите редовно овој дел.rn

7. Задник

rnБришењето со тоалетна хартија по извршувањето на големата нужда и миењето на овој дел за време на бањањето е максималниот контакт кој треба да го имате со вашиот задник. Според докторите, пределот околу анусот содржи бактерии кои можат да бидат потенцијално штетни за вашето здравје и токму затоа темелно мијте ги рацете по секој контакт со овој дел од телото.

Популарно

Може ќе ве интересира