3 едноставни совети за зголемување на малите гради

Сподели

Само жените со мали гради можат да разберат колку е тешко да се пронајде соодветен градник. Па, доколку сте горди сопственички на мали гради, тогаш погледнете ги овие 3 основни правила на кои треба да внимавате кога купувате градник со А големина на корпа.

Реклама

rn

1. Градник без жици

rnГрадниците со жици се идеални за подигнување на градите, но кај оние девојки кои носат градник со големина на корпа А тие можат да бидат многу непријатни. Токму затоа обидете се да ги избегнувате овие градници и да ја насочите вашата потрага по оние со зголемени корпи направени од микрофибер. Тие не само што се пријатни за кожата, туку и можат лесно да се прилагодат на телото, подигнувајќи ги градите и давајќи им го посакуваниот волумен.rn

2. Градник со перничиња

rnПерничињата кои визуелно ги зголемуваат градите во последно време сè повеќе сe игнорираат, но овој додаток може да биде навистина ефикасен за жените со мали гради. Пронајдете го оној модел чија корпа одговара на обликот на вашите гради и во отворот за перничиња поставете двоен слој. На овој начин ќе добиете силен „push-up“ ефект и ќе ја пополните целосно корпата. Избегнувајте ги оние кои се во форма на шпиц, бидејќи се предлабоки, односно премногу отворени кај деколтето.rn

3. Градник со чипка

rnТекстурата на градникот може многу ефективно да делува врз изгледот на вашите гради. Денешните градници се направени од меки и удобни чипки кои не ја иритираат кожата и кои им даваат елегантна структура. Но, исто така пред да го одберете овој модел, внимавајте и на претходните 2 правила со цел да го изберете оној градник кој најдобро ќе ви одговара.

Популарно

Може ќе ве интересира