Социјалната анксиозност е еден вид нарушување на анксиозноста. Оние кои патат од неа доживуваат непријатни чувства за време на било каква социјална интеракција поради стравот дека ќе бидат осудувани или исмејувани. Па, доколку сте забележале дека имате непријатности кога сте во контакт со други луѓе, решете го овој тест со цел да откриете дали можеби станува збор за социјална анксиозност…
rn
1) Дали имате интензивен страв дека ќе направите или кажете нешто што ќе ве засрами пред другите?
rnДа
Неrn
2) Дали имате постојан страв дека нешто ќе згрешите пред другите луѓе?
rnДа
Неrn
3) Дали постојано чувствувате дека другите ве проценуваат и/или осудуваат?
rnДа
Неrn
4) Дали вашиот страв од срам и понижување ве спречува да ги правите оние нешта кои навистина ги сакате?
rnДа
Неrn
5) Дали вашиот страв од срам ве спречува да разговарате со луѓето?
rnДа
Неrn
6) Кога знаете дека треба да одите на некој социјален настан кој ви создава страв, дали се грижите со денови, па можеби дури и со недели претходно?
rnДа
Неrn
7) Дали имате интензивен страв од запознавање нови личност или едноставно сте силно нервозни кога сте во друштво на личности кои не ги познавате добро?
rnДа
Неrn
8) Дали пред или за време на било какви социјални настани вие чувствувате некаков вид непријатни физички симптоми како што се мачнина, тресење, црвенило или потење?
rnДа
Неrn
9) Дали некогаш сте имале напад на паника пред или за време на некои непријатни ситуации во друштво на други луѓе, како резултат на вашите тегоби?
rnДа
Неrn
10) Дали се обидувате да ги избегнете социјалните настани кои ви создаваат тегоби?
rnДа
Неrn
11) Дали понекогаш посегнувате по алкохол за да можете полесно да се носите со одредени социјални ситуации?
rnДа
Неrn
12) Дали вашите тегоби ве спречуваат во тоа да имате нормална секојдневна рутина?
rnДа
Неrn
13) Дали вашите тегоби во однос на социјалните ситуации ве попречуваат на работа, факултет или во училиште?
rnДа
Не
[toggle_box]rn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]
Соберете ги сите потврдни одговори. Симптомите кои ги препознавте додека го решававте овој тест укажуваат на можност за социјална анксиозност. Колку поблизу сте до бројот 13 со вашите потврдни одговори, толку поверојатно е дека страдате од ова нарушување.
Внимание: Со цел да ги задоволите дијагностичките критериуми за овој вид нарушување, симптомите мора да бидат доволно силни за да предизвикуваат значајни попреки во вашиот секојдневен живот. Имајте на ум дека ова не е дијагноза. Само психолог може соодветно да го дијагностицира нарушувањето на социјалната анксиозност и да ви препорача помош или терапија.
[/toggle_item]rn[/toggle_box]

