КАФЕ ПАУЗА

10 навики кои под итно мора да ги смените за да ги заштитите бубрезите

1.10-naviki-koi-pod-itno-mora-da-gi-otstranite-za-da-gi-zashtitite-bubrezite-kafepauza.mk

Оштетените бубрези можат да работат и со 20% капацитет, а притоа да не се посомневаме дека нешто не е во ред со нив.rnrn1.10-naviki-koi-pod-itno-mora-da-gi-otstranite-za-da-gi-zashtitite-bubrezite-kafepauza.mkrnrnБубрезите се меѓу најважните органи во телото затоа што ја филтрираат крвта, произведуваат хормони и апсорбираат минерали. Посебно се познати како заштитници на телото од отрови, затоа што ги елиминираат токсините и ги неутрализираат киселините. Овој мал орган дневно прочистува дури 200 литри крв.rnrnИстражувањата покажуваат дека бубрезите се изложени на секојдневни штетни навики кои ги ослабуваат и оштетуваат. Болеста на бубрезите спаѓа во групата „тивки болести“, затоа што симптомите не се покажуваат на почеток, туку кога ситуацијата ќе стане сериозна.rnrnСпоред експертите, овие 10 штетни навики кои опасно ги оштетуваат бубрезите мора под итно да се променат.rn

1. Недостаток на вода во организмот

rn2.10-naviki-koi-pod-itno-mora-da-gi-otstranite-za-da-gi-zashtitite-bubrezite-kafepauza.mkrnrnНајважните задачи на бубрезите се филтрирање на крвта и елиминација на отровите од телото. Течноста, поточно водата им помага на бубрезите во оваа функција. Ако не ја внесуваме водата доволно во организмот, бубрезите послабо работат и доаѓа до собир на отрови кои ги оштетуваат.rn

2. Вишок на сол во исхраната

rn3.10-naviki-koi-pod-itno-mora-da-gi-otstranite-za-da-gi-zashtitite-bubrezite-kafepauza.mkrnrnЗлатно правило е да не внесуваме повеќе од 5 грама сол во денот. Сè повеќе од тоа е премногу, а тоа ги оштетува бубрезите. Кога внесуваме солена храна, бубрезите мора да работат повеќе затоа што мора да го дестилираат натриумот кој се наоѓа во солта. Вишокот на сол влијае и на крвниот притисок, па затоа мора да се контролира внесувањето на солта во организмот.rn

3. Задржување на урината

rnМногу луѓе одбегнуваат да ги користат јавните тоалети или поради обврски одолговлекуваат да одат во тоалет. Честото задржување на урината го зголемува притисокот на бешиката, а тоа може да предизвика откажување на бубрезите, камења во бубрезите и неможност за контролирање на мокрењето.rn

4. Премногу шеќер

rn4.10-naviki-koi-pod-itno-mora-da-gi-otstranite-za-da-gi-zashtitite-bubrezite-kafepauza.mkrnrnПоследните истражувања покажуваат дека е доволно да се испијат само 2 засладени пијалаци во денот за да се зголеми нивото на протеини во урината. Протеините во урината се еден од првите знаци за потешкотии во работата на бубрезите. Понекогаш внесуваме и до 10 пати повеќе шеќери од препорачаната доза, па бубрезите се изложени на постојан удар.rn

5. Недостаток на витамини и минерали

rnНедостатокот на витамини и минерали е предуслов за појава на бубрежни заболувања. Витаминот Б6 и магнезиумот го намалуваат ризикот од формирање камења во бубрезите, па храната богата со нив мора да се вклучи во секојдневната исхрана.rn

6. Животински протеини

rnЗа здрави бубрези, исхраната треба да изобилува со овошје и зеленчук. Внесувањето на животински протеини додатно ја зголемува работата на бубрезите. Како што поминува времето, тоа може да направи оштетување на бубрезите и да им ја намали функцијата.rn

7. Недостаток на сон

rnrnrnЗа време на спиењето, телото го обновува оштетеното ткиво на бубрезите, па затоа редовниот сон е потребен за заздравување на бубрезите. Се препорачува да спиете од 6 до 8 часови секој ден.rn

8. Премногу кафе

rn6.10-naviki-koi-pod-itno-mora-da-gi-otstranite-za-da-gi-zashtitite-bubrezite-kafepauza.mkrnrnПокрај солта, и кафето ги оптоварува бубрезите. Кофеинот може да го зголеми крвниот притисок, а со тоа бубрезите се под посебен стрес кој после некое време доведува до нивно оштетување. Пијте до две шолји кафе во денот.rn

9. Лекови против болки

rnИскуството на пациенти покажало дека користењето на лекови против болки (како аспиринот и други лекови) може да доведе до ненадејно откажување на бубрезите. Користете природни методи за да ја ублажите болката и да ги заштитете своите бубрези.rn

10. Пиењето алкохол

rn7.10-naviki-koi-pod-itno-mora-da-gi-otstranite-za-da-gi-zashtitite-bubrezite-kafepauza.mkrnrnБубрезите нема да страдаат од една чаша вино, но претераното пиење алкохол може долгорочно да ги оштети. Алкохолот е токсин кој мора да се преработи и исфрли. Како диуретик, на телото му одзема драгоцена количина на вода и со тоа двојно негативно влијае на бубрезите.