8 бјути грешки кои секој маж ги забележува кај жените

8 бјути грешки кои секој маж ги забележува кај жените

Мислите дека мажите не забележуваат детали? Можеби тие не се насочени толку кон деталите како жените, но лесно забележуваат ситници, особено грешки. Погледнете ги следниве 8 грешки за убавина кои жените често ги прават и кои мажите брзо ги забележуваат…

8 бјути грешки кои секој маж ги забележува кај жените

1. Премногу парфем

Целта на парфемот е да го привлече мажот, а не да го одбие. Но, доколку околу вас има „облак“ од парфем, тогаш вие ќе го направите токму тоа. За најдобар ефект, ставете од парфемот 3 до 4 пати и направете го тоа зад двете уши и на зглобовите од рацете.

2. Неправилно нанесена пудра

Пудра со боја која не одговара на тенот, претерано количество, пудра која не е добро нанесена на лицето… Сите овие нешта мажот без сомнение ќе ги забележи. Со цел да го избегнете овој проблем, советувајте се со професионалец или погледнете видео туторијал на Јутјуб со цел да научите како најдобро да нанесете пудра која нема да се забележува на вашето лице.

3. Сенка за очи која премногу светка

Силно светкавата сенка е соодветна за младите девојки, но по одредено време треба да ја промените со мат бои бидејќи онаа која силно сјае ќе ви ги истакне дури и најситните брчки околу вашите очи.

4. Грутки од маскара на трепките

Мажите сметаат дека долгите трепки се секси, но не и оние кои имаат грутки на нив. Исто така нив не им се допаѓа размачканата маскара под очите. За да го избегнете тоа, користете умерено количество или пак, префрлете се на водоотпорна маскара.

5. Неуредна депилација

Мажите сакаат мазни женски нозе и средени пазуви, бидејќи влакненцата можат за само една секунда да ги „оладат“. Ова е една од најчестите грешки на жените кои мажите ги забележуваат дури и на првиот состанок.

6. Сува кожа

Сувата кожа е исто толку непријатна за мажите при допир како и несредените влакненца. Многу е важно да почнете редовно да се грижите за вашата кожа, без разлика дали имате партнер или не, бидејќи добро хидратизираната кожа е клучот за младолик изглед. Доколку имате претерано сува кожа, користете кокосово или маслиново масло.

7. Лоша хигиена на забите

Лошиот здив и жолтите заби не им даваат мотив на мажите да посакаат да ве бакнат. Истото се случува и со остатоците од храната помеѓу забите. Основната хигиена за добро одржувани заби подразбира четкање два пати дневно и чистење со конец. Доколку пушите цигари или пиете многу кафе, секогаш носете со себе освежувач за здивот.

8. Леплив сјај за усни

Исто како што жените се грозат од храна „заплеткана“ во брадата на мажите, така и мажите се грозат од сјајни женски усни со трошки од храна. Дури и да немаат храна врз нив, ниту еден маж не е привлечен од помислата да бакне усни кои се намачкани со нешто што ги потсетува на светкаво лепило.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар