Илузија во љубовта: Вие не ја сакате оваа личност, ја сакате идејата за неа
Љубовта е неверојатно комплексна. Не затоа што е формирана од нешто необјасниво, туку затоа што се создава во нашите умови кои се неверојатно комплексни. Сите мисли кои ги мислиме, начинот на кој го гледаме светот, како и сите оние нешта кои другите прават да ги почувствуваме се преплетени во реалноста која постои само во нашата глава. Нашите потреби и желби често се изедначуваат и со надворешната реалноста, но што кога тоа не се случува?
Понекогаш сакаме одредена личност да биде во нашите животи, дури и ако не е добра за нас
Сите луѓе сакаат да бидат сакани и да имаат покрај себе личност која ќе се грижи за нив. Како и сите други, така и вие сигурно сакате да добивате внимание, комплименти и да се однесуваат кон вас со добрина. Токму затоа ниту еден човек не сака да биде сам. Одвреме-навреме ние сакаме личност која ќе го сподели своето искуство, мисли, идеи, шеги и смеа со нас. Понекогаш дури и сакаме да бидеме повеќе од она што сме, ние сакаме да бидеме дел од нечија душа.
Осаменоста знае да биде брутална. Без разлика на комплексноста на мозокот, понекогаш токму овие кршливи потреби за внимание и друго човечко суштество е токму она што ги уништува дури и најсилните. Всушност, токму затоа што нашиот мозокот е толку комплексен, ние некако успеваме да се изгубиме во него. Особено кога станува збор за стравот од осаменоста. Па, во овие ситуации одредени личности одбираат да останат во врска која едноставно не е за нив, само колку да не бидат сами…
Понекогаш се држиме за личноста која некогаш била покрај нас, а не за онаа покрај која моментално стоиме
Луѓето се менуваат. Можеби е тешко да се прифати овој факт, но тоа не го прави помалку вистинит. Сите ние сме дизајнирани да се менуваме, со цел да се адаптираме на околината во која живееме. Секако, никој од нас не е способен да се промени во целост, но без сомнение можеме да менуваме делови од нас, како нашиот менталитет, начинот на кој го гледаме светот и ги решаваме проблемите проблемите, па дури и начинот на кој им пристапуваме на луѓето. Сите се менуваат, но оваа промена не секогаш е добра.
Кога станува збор за љубовта, проблемот е дека не сите сакаат да го видат својот партнер променет. Токму затоа се навраќаат на минатото и се надеваат дека нештата повторно ќе се вратат во „нормала“. Тие со целата своја сила се обидуваат да ја одржуваат сликата која ја имаат за личноста покрај себе, дури и ако таа воопшто не е вистинита. Но, откако оваа промена ќе се појави и кога таа целосно ќе ве раздвои, ретки се ситуациите кои би можеле да ве вратат на она што некогаш било.
Понекогаш го гледаме она што сакаме да го видиме, но не и она што треба да го видиме
Скоро сите врски имаат одличен почеток. Токму оваа првична фаза се нарекува и „меден месец“ каде што партнерите се целосно фокусирани само на позитивните карактеристики на личноста која е покрај нив. Оваа фаза, како и сите други, има свој крај кој за повеќето врски може да биде разорно бидејќи партнерите почнуваат да се гледаат во своето вистинско светло.
Но, кај некои луѓе, кога станува збор за нивната реалност, би помислиле дека нештата кои не се онакви какви што тие ги замислувале треба да им остават некаков вид празнина. Но, баш напротив. Ние успеваме да ги пополниме овие празни простори со нашата имагинација, па почнуваме да носиме заклучоци и да создаваме верувања кои не се базирани врз факти, туку врз слепа надеж. Оваа илузија може да трае со години, без да биде забележана, најчесто затоа што луѓето едноставно одбиваат да ги видат оние работи кои не сакаат да ги видат.