КАФЕ ПАУЗА

8 интересни изрази кои совршено опишуваат 8 однесувања

Науката постојано изненадува нели? Од разните откритија, па сè до имињата кои им ги доделува, постојано се соочуваме со нови идеи и интересни факти. Но кога станува збор за однесувањето, психологијата веќе го направи своето доделувајќи им мошне интересни имиња на 8 типови однесување, притоа совршено опишувајќи ги во само 2-3 збора.rnrn(1)-8-interesni-izrazi-koi-sovrsheno-opishuvaat-8-tipa-na-odnesuvanje-kafepauza.mkrn

1. Замрзнување на расположението

rnВодејќи се според она, на сите познато, дека луѓето се чувствуваат подобро доколку ги изразат чувствата, како и дека со искажување на гневот се ослободуваат од сите негативни чувства (идејата за катарза), учесниците во еден експеримент се согласиле на следново: тие биле намерно разгневени, а потоа им била дадена пилула која наводно имала такво дејство што ги замрзнува во тоа расположение. Мислејќи дека дејството на таа пилула е вистинско, тие морале потсвесно да најдат начин да се ослободат од гневот, па на крајот на експериментот тие всушност се чувствувале многу подобро.rnrnЦелта на овој експеримент била луѓето да сфатат дека нема потреба од изразување на гневот како што се верува. Доволно е да се убедиме себеси во тоа дека постои друг начин и веднаш ќе се чувствуваме малку подобро.rn

2. Фацијална реакција

rnОваа теорија на емоции се води според идејата дека изразот на лицето може многу да влијае на тоа како навистина се чувствуваме. Со други зборови, креираме израз на лицето врз база на некои емоции, што пак предизвикува така и да се чувствуваме.rnrnНа учесниците во едно истражување им давале инструкции од типот „подигнете ги веѓите“, „додека ги држите подигнати доближете ги“, „сега подигнете ги горните очни капаци и затегнете ги долните“, „сега оптегнете ги усните хоризонтално“. Инструкциите кои ги добивале учесниците всушност одговараат на една конкретна емоционална реакција – стравот. Потоа истражувачите им мереле некои психолошки параметри како температурата, срцебиењето, степенот на потење, додека луѓето повторно ги изведувале овие изрази. Заклучокот бил дека сепак, со прифаќање на вештачки изразениот страв, луѓето чувствуваат барем малку страв и реагираат на различни начини кои се асоцираат со оваа емоција.rnrnЕден друг експеримент кој се надоврзува на оваа теорија заклучил дека гледањето во други лица кои изразуваат разни емоции, кај луѓето предизвикува и фацијални промени во изразот, но и во стекнатите емоции од тоа набљудување.rn

3. Ретроспективна пристрасност

rnЛуѓето често тежнеат кон самоубедување дека предвиделе како нешто ќе излезе на крајот, кога всушност и не е баш така. Ова однесување во психологијата е познато како ретроспективна пристрасност, а најпознат пример за ова се изразите од типот Знаев цело време и Ти кажав дека ќе биде вака. rnrnВо едно истражување, научниците им рекле на група студенти да го предвидат исходот од гласањето на Американскиот сенат за кандидатот за Врховниот суд Клеренс Томас. Пред гласањето, 58% предвиделе дека ќе биде прифатен. Кога повторно биле анкетирани откако Томас бил изгласан, 78% од учесниците рекле дека мислеле дека Томас ќе биде прифатен. Разликата јасно ја покажува нашата тенденција да мислиме дека нешто сме знаеле пред да се случи, но откако всушност се случило.rnrnЛуѓето можат да влијаат врз ваквото однесување, притоа намалувајќи ја веројатноста од можното лошо влијание кое таквото „знаење“ може да го има. Тоа се постигнува со применување на превентивни интервенции при што треба реално да се запрашаме себеси што „знаеме“ пред да дадеме одреден исказ.rn

4. Разџагорени врски

rnИако овој израз е доделен од страна на социолози, повеќе од очигледно е дека се однесува на тип психолошко однесување. Оваа теорија го опишува оној период кога некој оди од врска во врска при што секоја се одвива во стилот раскинување – смирување. Луѓето кои се наоѓаат во вакви ситуации се претежно млади луѓе во период од животот кога врските се доста несериозни и нестабилни.rnrnИстражувањето направено на база на оваа теорија било спроведено со цел да се провери дали постои врска помеѓу ова однесување со некои понатамошни посериозни конфликти, како физичко насилство и вербална злоупотреба. Предвид биле земени млади луѓе кои постојано раскинувале врски без да се смируваат, луѓе кои оформувале стабилни врски без да раскинуваат при секој конфликт, како и луѓе кои ги имале овие т.н. разџагорени врски. Резултатите покажале дека оние кои имале разџагорени врски пријавувале два пати повеќе физичко и вербално насилство од останатите два типа.rn

5. Исполнување барања во три фази

rnОва се однесува на манипулирање на луѓето со цел да исполнат некое големо барање. Според истражувањата, веројатноста дека тоа ќе се случи е поголема доколку самото барање се подели во 3 фази: мало, средно и големо барање. Оваа стратегија влева помалку страв кај луѓето, па тие полесно се решаваат да го исполнат тоа барање во споредба со ситуации кога истото би им било презентирано во две или во една фаза.rn

6. Целна шема

rnОвој израз се однесува на стратегијата за забележување опасности кога сме изложени на сложен систем од такви можни фактори. Доколку за пример го земеме преминувањето улица во период од денот кога по неа постојано поминуваат автомобили, а секаде наоколу има пешаци и сл., оној кој сака да ја премине улицата мора да може да ги забележи опасните ситуации на кои може да се изложи себеси. Како целна шема при ова може да помогнат видеоигрите, особено оние акциски ориентираните, кои ја зголемуваат способноста на луѓето да скенираат сложени системи од овој тип така изострувајќи ја нивната способност за перцепција. На овој начин, луѓето потсвесно формираат целни шеми со чија помош полесно детектираат опасни ситуации.rn

7. Темната тријада

rnПод ова име е позната групата од три човечки особини (однесувања) и тоа: нарцизам, психопатија и макијавелизам. Самото име укажува на тоа дека се работи за личности со лоши карактери согласно фактот дека основните три особини се поистоветуваат со голема гордост, егоизам, непостоење на емпатија и морал, манипулирање, себичност, импулсивност и сл. Луѓето кои се карактеризираат со оваа темна тријада се доста непријатни, а според истражувањата, доколку сте во врска со нив постои огромна веројатност дека ќе бидете повредени. Од друга страна, пак, овие луѓе се доста успешни во своите кариери со способност брзо да напредуваат.rn

8. Професионален повик

rnКако што и самото име кажува, се работи за тоа како гледаме на професијата која ја имаме. Имено, доколку работата која ја работиме ја гледаме како вистинскиот професионален повик за нас, тогаш е многу поверојатно дека ќе бидеме задоволни работејќи ја, како и мотивирани да постигнеме повеќе. Ова на долга патека влијае така што имаме повеќе контрола врз нашиот живот, нашите желби и цели во кариерата, што финално може да доведе до чувство на поврзаност со некоја поголема животна цел.