КАФЕ ПАУЗА

12 знаци кои покажуваат дека животот во моментов ви е во полн ек

Сите сме во суштина сочинети од енергија, a нашите вибрации претставуваат движење на нашата енергија низ просторот. Нашите вибрации се важни бидејќи влијаат на начинот на кој го живееме нашиот живот.rnrn12-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-zhivotot-vo-momentov-vi-e-vo-poln-ek-kafepauza.mkrnrnСпоред законот на привлекувањето, ние ги креираме своите животи врз основа на нашите вибрации. Најпросто кажано, кога поседуваме високи вибрации, ние создаваме повеќе од она што го сакаме во животот. Кога нашата енергија е на ниско ниво, ние создаваме повеќе работи кои не ги сакаме.rnrnВажно е да се напомене дека вибрациите со текот на времето се менуваат и дека нема ништо лошо во тоа некој да има ниски вибрации, бидејќи и тие се вредни. Ниските вибрации ни даваат сигнал дека нашите размислувања и нашето однесување не ни помагаат да стигнеме таму каде што сакаме да бидеме, а тие сигнали можат да бидат исклучително корисни ако за нив сме свесни.rnrnСекако дека е корисно да знаеме и кога поседуваме високи вибрации со цел да можеме што подолго да уживаме во тие моменти.rnrnОва се 12 знаци на високи вибрации. Дали ги забележувате во последно време?rn

1. Едвај чекате да се разбудите и да го започнете денот

rnКога функционираме на високи вибрации, сè во животот ни делува возбудливо. Ако едвај чекате да скокнете од кревет и да го започнете новиот ден, сигурно сте на висока вибрациона фреквенција.rn

2. Се чувствувате здраво

rnНашите тела се физички манифестации на нашите вибрации. Висококвалитетната енергија е поврзана со високофункционално тело, што ги намалува, па дури и ги елиминира повредите и болестите.rn

3. Се чувствувате силно

rnКога нашата енергија е на високо ниво, се чувствуваме како да можеме да поместиме планина. Дури и најголемите проблеми тогаш изгледаат решливи, а најголемите предизвици остварливи.rn

4. Можете да комуницирате јасно и ефективно

rnКога нашите вибрации брзо се искачуваат, нашите зборови патуваат лесно и со мал напор. Тогаш можеме да комуницираме со другите на јасен начин, бес лапсуси и грешки.rn

5. Финансиски сте стабилни

rnСо добрата енергија доаѓа и изобилството во нашиот живот. Кога ни се високи вибрациите, имаме поголеми шанси да добиеме некаква награда и пари.rn

6. Имате пријатни односи со другите луѓе

rnСè е полесно на високи вибрации, дури и нашите односи се поубави. Во таквите моменти ги третираме другите луѓе со љубезност и почитување, дури и ако вообичаено сме воздржани кон нив.rn

7. Сè ви оди како подмачкано

rnВисоките вибрации ве одржуваат во оптимална состојба и продуктивност. Се чувствувате совршено урамнотежено, непреоптоварено, ниту здодевно. Често се чувствувате како да сте „во елемент“.rn

8. Времето брзо ви проаѓа

rnКога сè тече како подмачкано, времето брзо минува. Како што велат старите, времето лета кога се забавуваме, а кога се забавуваме, тоа значи дека сме на високи вибрации. Многу луѓе забележуваат дека времето брзо им поминува како што стареат. Некои веруваат дека тоа е заради тоа што се зголемува енергијата на целата планета.rn

9. Изразувате љубезност и љубов без причина

rnЛуѓето со високи вибрации просто емитуваат љубов кон својата околина. Тие природно шират насмевки, прегратки и љубезност без воздржување.rn

10. Имате интуитивни моменти

rnКога сме во состојба на висока енергија, ние ги примаме информациите кои доаѓаат преку границите на нашите 5 сетила. На пример, можеме изненадно да добиеме визија или одговор на некое прашање за иднината. Високите вибрации се поврзани со повисоки нивоа на знаење и разбирање.rn

11. Се чувствувате среќни и полни со елан

rnВаквите емоции укажуваат на тоа дека создавате позитивна енергија. Тие исто така се едни од најочигледните обележја на високи вибрации.rn

12. Се трудите да изгледате најдобро

rnНашата енергија влијае на нашиот изглед и на тоа колку се грижиме за себе. Кога се чувствуваме добро, нашата кожа повеќе сјае, нашата коса е посјајна и избираме поубава облека.rnrnАко покажувате знаци на високи вибрации, секоја чест. Продолжете да го правите тоа што го правите бидејќи се движите во вистинската насока.rnrnСепак, ако вашите вибрации не се доволно високи како што би сакале, не грижете се! Сетете се дека вашата енергија постојано ги менува вибрациите и дека свесно можете да го промените правецот во кој сакате да се движите.rnrnИсто така мора да запомните дека ниските вибрации секогаш се резултат на негативно размислување. Запрашајте се заради што имате негативни мисли и обидете се да се ослободите. Однесувајте се како вашите вибрации да се веќе на високо ниво: ширете љубов, пронајдете рамнотежа во сè што правите и постојано имајте природна широка насмевка на лицето.