Драма, фантазија и комедија: 3 ТВ серии на кои треба да им дадете шанса
Пролетта дојде, а со нејзиното доаѓање ги донесе и последните епизоди од поголемиот број серии кои редовно ги следите. Но, не грижете се. Доколку сте расположени за нова ТВ серија, тогаш погледнете ги овие 3. Доколку ви се допадне жанрот, тогаш има големи шанси да ви се допаднат и темите кои тие ги обработуваат.
1. Крвни односи (Bloodline)
Жанр: драма, трилер
Приказна: Секое семејство има по една „црна овца“. Во оваа ТВ серија, почнуваат да се откриваат тајните од минатото и страшните лузни на сите браќа од едно семејство, кога нивниот одамна отфрлен брат ќе се врати во нивниот дом.
2. Олимп (Olympus)
Жанр: фантазија
Приказна: Станува збор за приказна која го следи Херојот на неговото патување додека тој се трансформира од млад и сиров млад човек, во безмилосен лидер на човекот кој е на исто ниво како и самите богови.
3. Маж бара жена (Man Seeking Woman)
Жанр: комедија
Приказна: По крајот на долготрајната љубовна врска, кога неговата девојка ќе му раскине, еден безнадежен романтичар ќе тргне во потрга по нова љубов. Но, тој многу брзо ќе сфати дека работите не се толку едноставни во светот на љубовните состаноци.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.