Дојде сезоната на сандалите и отворените прсти на нозете, па токму затоа е време за разубавување на ноктите на стапалата. Со цел лакот на ноктите да ви изгледа беспрекорно и да ви трае подолго време, вие треба да ги избегнувате овие 6 најчести грешки кои ги прават скоро сите жени при лакирањето…
rn
1. Ги лакирате ноктите додека не се чисти
rnЛакот нема да се задржи долго на ноктите врз кои има прашина, влага или стар лак. Со цел да му овозможите на лакот што повеќе да се „залепи“ за вашите нокти, вие прво исчистете ги со стара четка за заби натопена со сапун. Обрнете особено внимание под ноктите, како и во аглите каде што се собираат најмногу нечистотии.rn
2. Не ја подготвувате површината на ноктите
rnПред лакирањето избришете ги ноктите со памук натопен во ацетон. Тој ќе ги отстрани сите можни остатоци од крема и лосиони за раце кои се насобирале со тек на време врз вашите нокти.rn
3. Не користите базичен лак
rnБезбојните лакови кои се користат како основа овозможуваат подолготрајно задржување на лакот врз вашите нокти. Тој е мек и самолеплив, па токму затоа може да се шири и собира при прилагодувањето врз вашето нокти.rn
4. Неправилно нанесување на лакот
rnЛакот нанесете го во 3 брзи и еднакви линии, така што прво намачкајте ја средината на ноктот, а потоа пополнете ги и страничните делови. Почекајте барем 2 минути пред да го нанесете вториот слој и внимавајте да не ставите премногу бидејќи на тој начин тој полесно може да се излупи.rn
5. Не користите завршен слој на лак
rnЛакот кој служи како финиш, брзо се суши и предизвикува цврст заштитен слој кој подолго време ќе го одржи лакот врз вашите нокти.rn
6. Не внимавате на нивното одржување
rnНека ви стане навика да нанесувате завршен слој на лак секој втор ден со цел да ја освежите бојата на ноктите и да го продолжите рокот на лакот. Исто така не заборавајте и да ги мачкате нозете со масло кое ќе ги одржува хидратизирани.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

