10 прашања кои никогаш не треба да му ги поставите на мажот кој ве сака

Сподели

Вашата љубена треба да знае сè. Таа треба да биде опколена со комплименти и љубов од отворањето на нејзините очи, па сè до заспивањето. Понекогаш, најтешкото нешто во животот е да се кажат оние зборови кои најмногу значат. Но, врските се зајакнуваат само кога се рушат ѕидовите кои сте ги изградиле околу вас. Без разлика на тоа колку ранливи ви изгледаат емоциите, тие се единственото нешто со кое ќе ја задржите покрај себе. Вашите зборови и дела се најсилната форма на љубовта.

Реклама

rn

1. Дали ме сакаш?

rnНе постои зборови кои се поважни од овие два. Токму затоа ако навистина ве сака, тој постојано ќе ви ги повторува. Вие нема да има потреба да му го поставувате ова прашања, затоа што ќе можете да ја почувствувате неговата љубов.rn

2. Дали те правам среќен?

rnДоколку забележувате дека тој се смешка без причина додека гледа како си ги завршувате вашите дневни обврски, тогаш тоа е голем знак дека го правите среќен. Вие исто така би требало и да можете да ја почувствувате среќата секој пат кога тој ве прегрнува.rn

3. Дали вредам доволно за тебе?

rnИзгледа неверството станува сè поголем проблем помеѓу паровите, но доколку се работи за вистинска љубов тогаш тој ќе вложува сè во вас  и нема да има потреба да бара внимание и надвор од вашата врска.rn

4. Дали мислиш дека имаме заедничка иднина?

rnКога вашиот партнер ве љуби повеќе од сè на светот, тој ќе сака да ве задржи покрај себе и во неговата иднина. Лесно ќе дознаете дали тој планира да биде со вас подолго време доколку обрнете повеќе внимание на настаните кои ги планира за вас двајцата. Без разлика дали станува збор за викенд бегство од градот или концерт кој треба да се случи за неколку месеци од сега.rn

5. Дали мислиш дека јас сум вистинската за тебе?

rnКога ќе ја запознаете личноста со која знаете дека ќе имате убава иднина, тогаш нема потреба да се двоумите дали таа е „вистинската“. И покрај тоа што љубовта на прв поглед е нешто што многу ретко се случува, сепак откако ќе поминете одредено време со одредена личност лесно ќе можете да процените дали сте компатибилни или не.rn

6. Дали се грижиш за моите маани?

rnНе само што треба да ги прифати вашите маани, тој треба и целосно да ги сака. На крајот од краиштата, сите нешта кои ги поседуваме, без разлика дали се позитивни или негативни, се само дел од загатката која ве составува како цела личност.rn

7. Дали ми се восхитуваш?

rnВие би требало секојдневно да чувствувате восхит од вашиот партнер. Тој треба да го сака вашиот мозок, тело, начинот на кој говорите, дишете… Вашата светлина треба да биде негова сила за движење.rn

8. Дали мислиш дека сум убава?

rnТој треба да ги љуби сите ваши несовршености, исто како и останатите делови. Неговите очи треба да се насмеат секој пат кога ќе ве здогледаат, бидејќи кога некој навистина сакате, вие го гледате само најубавото во него/неа.rn

9. Дали сакаш да ги знаеш сите оние нешта кои никој не сака да ги чуе?

rnВие треба да се чувствувате слободни да му ја раскажете секоја приказна од вашиот живот и додека го правите тоа, да знаете дека сте слушани. Тој не е заинтересиран само за вас, туку и за сите оние нешта кои имале било какво влијание врз личноста која сте станале денес.rn

10. Дали и утре сè уште ќе ме сакаш?

rnБез разлика на караницата која сте ја имале денес, брчките кои почнале да се појавуваат на вашето лице или пак, на фактот што не можете постојано да сте покрај него, тој секогаш ќе ве чува во неговото срце. Ова е нешто кое можете да го почувствувате само длабоко во вас…

Популарно

Може ќе ве интересира