Кога имате постар брат/сестра многу брзо учите што е дозволено, а што не. Затоа некои работи најдобро се учат од туѓа перспектива, т.е. да не ги правите грешките на другите луѓе ако веќе го знаете исходот. А кога сме на оваа тема, особено интересни за набљудување се луѓето кои изневеруваат. Па, еве што можеме да научиме од нивните грешки.rnrn
rn
1. Неверниците никогаш не добиваат среќен крај
rnМногу ретко луѓето кои изневеруваат завршиле со личноста со која изневерувале. Постојат две главни причини за неверство: 1) тие се несреќни во моменталната врска и 2) оној кој е од другата страна нуди нешто што таа врска го нема. Но, поуката е дека сѐ што неверникот добива е огномет кој многу брзо ќе згасне.rn
2. На лагата ѝ се кратки нозете
rnВаквите типови луѓе мислат дека ако никој не знае, никој нема да биде повреден. Но без разлика на сѐ, кога изневерувате сигурно повредувате некој, а тој некој сте вие. Најдобар пример за ова се луѓето кои ја бришеле листата на повици и измислувале состаноци на сред ден само за да избегнат другата личност да дознае што прават.rnrnМожеби мислат дека вака ќе ја заштитат личноста која ја изневеруваат, но вистината е дека на крајот ќе сфатат дека во цел тој процес тие не помислиле да се заштитат себеси: нивните срца, нивните цели и морали. А тој „крај“ е всушност крајот на аферата и почетокот на болката.rnrn
rn
3. Изневерувањето не мора да биде сексуално
rnФизичкото изневерување никогаш нема да боли повеќе од емоционалното. „Тајното пријателче“ од спротивниот пол на кого му ги доверувате вашите стравови и соништа може ќе направи и поголема штета на врската отколку физичка афера која трае година дена.rn
4. Многумина не можат ја контролираат привлечноста кон друг
rnГолем дел од неверниците се убедени дека можат да ја контролираат привлечноста, сѐ додека не ја преминат физичката граница. Но, за жал, порано или подоцна, тие секогаш ја преминуваат границата, па макар тоа било само за бакнеж.rn
5. За неверството секогаш има причина
rnАко сте под искушение да изневерите некого, тогаш нешто навистина не е во ред во вашата врска. И ако веќе изневерите, тоа е показател дека не треба да бидете дел од таа врска. Но сепак, за многу луѓе признавањето дека врската не им успеала е многу пострашно сценарио отколку да ја ризикуваат целата врска така што ќе бидат фатени во неверство.rnrnЖените кои изневеруваат вообичаено имаат големи празнини во нивните срца и животи, така што мислат дека можат да ја пополнат со вниманието, љубезноста и допирот на друг маж. Но, овие жени не наоѓаат долготрајна среќа во прегратките на друг маж, туку во задоволувањето на нивните потреби.rnrn
rn
6. Неверниците не се лоши луѓе
rnТие се обични луѓе кои едноставно донеле погрешни одлуки во погрешно време и најважно, во погрешни ситуации. А повеќето од нив ќе зажалат за нивните избори.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
