Отворените врски се оние во кои партнерите заеднички донесуваат одлука нивниот однос да не е моногамен. Тоа значи дека тие си дозволуваат романтични и сексуални врски со други личности надвор од нивната врска.rnrn
rnrnОвие врски бараат огромна количина разбирање и толеранција, па токму затоа и не сите можат да издржат во нив. Тие се само за оние луѓе кои пред сè сметаат дека моногамијата не е дел од природата на луѓето и бараат други личности кои го делат нивното размислување. Па, доколку сте љубопитни и размислувате да му предложите на вашиот партнер ваков вид љубовна врска, тогаш погледнете ги овие нешта кои мора да ги знаете пред да се впуштите во нешто такво…rn
1. Искреноста е на прво место
rnОтворете ги сите карти на маса и искрено разговарајте со вашиот партнер. Објаснете му/ѝ дека уживате да бидете заедно, но и дека во вашиот живот има простор за нова личност, без притоа да го/ја изгубите него/неа. Обидете се да откриете дали вие би можеле да опстанете како пар во ваков однос. Исто така преиспитајте се и обидете се да сфатите дали вашето сфаќање за моногамијата е само моментално чувство или пак, можеби станува збор за долготрајна ситуација. Доколку и двајцата не се сложите дека тоа е најдобар чекор за вашата врска, тогаш разговарајте како би можеле да ја подобрите вашата моногамна врска.rn
2. Потребни се цврсти правила
rnБез овие правила отворената врска не може да функционира, па токму затоа тие треба да се почитуваат. И двајцата партнери мора да кажат што точно сакаат од овој однос и потоа да се сложат со тоа. Најчестите правила на успешните отворени врски се:rn
- rn011
- Секс со заедничките пријатели е забранет
- Сексуалните средби со друга личност не смеат да влијаат врз вашите заеднички планови и обврски
- Секогаш користете заштита за време на сексот
rn011
rn011
rn
rn
3. Одредете граници
rnАко не сакате да знаете со кој се гледа вашиот партнер, тогаш кажете му/ѝ го тоа. Истото важи и за него/неа, доколку тие не сакаат да слушаат детали за другите личности во вашиот живот, тогаш треба да го почитувате тоа. Јасно одредете ги овие граници и нивното почитување нека ви биде главен приоритет.rn
4. Бидете подготвени на бура од емоции
rnПочетниците во отворените врски често не сфаќаат дека овој однос во нив би можел да предизвика огромна љубомора, лутина и замерување. Вие мора да сфатите дека свесно сте влегле во оваа врска и сте му дозволиле на вашиот партнер да се гледа со други луѓе, па токму затоа мора да ги смирите вашите интензивни емоционални реакции доколку сакате овој однос да трае.rn
5. Ако сте несреќни, ставете крај на врската
rnОтворената врска мора да биде заедничка одлука, па ако во било кој момент почувствувате дека не ви е веќе пријатно во ваков однос, веднаш кажете му го тоа и на партнерот. Доколку вие престанете да се гледате со други луѓе, а вашиот партнер продолжи со тоа, тогаш веќе не станува збор за отворена врска – туку за врска во која тој/таа ве изневерува. Истото важи и за вашиот партнер, односно доколку тој/таа престане да се гледа со други луѓе.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.