Постои една изрека која вели, „Знаете дека сте заљубени кога не можете да заспиете затоа што реалноста конечно ви е подобра од соништата.“ Сите кои ја доживеале возбудата на вистинската љубов можат да ја разберат оваа мисла во целост, бидејќи заљубеноста е една од оние нешта кои најмногу можат да ве изморат. Откако ќе се заљубите почнуваат и бессоните ноќи, раното будење или премногу излегувања во текот на вечерта. Вие заборавате да спиете, јадете и сонувате. Вие живеете зашеметено… Но, зошто се случува тоа?
rn
Бидејќи имате одличен секс
rnЗарем има нешто подобро од секс? Кога имате добар секс, вие почнувате да верувате дека креветот бил измислен за љубовниците, а не за оние кои спијат. Тоа е вашата оаза, засолниште, спокој… Но, причините се сосема различни од оние во кои сте верувале кога сте биле сингл. Вие едноставно не сакате да лежите во вашиот кревет, сакате да се тркалате во него, прегрнувајќи го вашиот партнер сè додека не ве раздели утрото.rn
Бидејќи конечно сте нашле некој со кој можете да бидете будни цела вечер
rnНие го поминуваме целиот наш живот барајќи ја онаа една личност која ќе се разбуди во истиот момент кога ние ќе имаме потреба од неа и која ќе сака да ги чуе нашите соништа и најдлабоки желби. Ние фантазираме за онаа личност која ќе го дочека изгрејсонцето покрај нас и која ќе ни зборува за ништо сè додека тоа не се претвори во нешто. Откако ќе го најдете тоа, многу е тешко да ја пуштите ноќта да ви помине во сон. Вие сè што сакате е да бидете колку што е можно повеќе будни покрај вашиот партнер, разговарајќи за сите оние нешта кои отсекогаш сте сакале да ги кажете некому.rn
Бидејќи не сакате да пропуштите ниту една секунда покрај него/неа
rnИдејата да изгубите околу 8 часа квалитетно поминато време со вашиот партнер ви изгледа залудно. Зошто да се разделите во соништата кога можете да бидете заедно во реалноста? Не постои ништо полошо од помислата да изгубите третина од вашиот живот без него/неа. Вашиот партнер е подобар од било кој сон кој некогаш сте можеле да го имате.rn
Бидејќи кога љубовта ви дава енергија, вие воопшто не мора да спиете
rnВие чувствувате како да можете да направите сè, вклучувајќи и неколку денови без сон. Вие летате високо, бидејќи сте наполнети со енергија која никогаш претходно не сте ја искусиле. Токму затоа и сакате да пеете, танцувате, да се бакнувате и да ги правите сите оние други нешта кои следуваат со новата и возбудлива љубов. Вие сте на друго ниво, во друг свет и сакате да правите буквално сè освен да ги затворите очите.rn
Бидејќи разговорите во кревет се подобри од спиењето
rnЗарем би можеле да заспиете кога имате толку многу нешта за кои сакате да разговарате? Кој сака да пропушти можност да научи нешто ново за својата љубов? Не постои ништо полошо од тоа да почнат да ви се затвораат капаците на очите на средината од разговорот со партнерот. Не постои ништо позастрашувачко од идејата да сонувате наместо да живеете. Исто како мали деца кои се присилени на попладневна дремка, така и вие не сакате да ја напуштите оваа забава за спиење.rn
Бидејќи не ви се потребни страсни соништа, вие сакате страсна реалност
rnНишто не се случува во вашите соништа, барем ништо што вие би можеле да го контролирате, вкусите или почувствувате. Тие се надвор од нашата контрола. Токму затоа кога сте заљубени, сакате да бидете опколени со сите оние нешта кои можете во целост да ги доживеете. Без разлика дали го/ја гледате како спие или пак, се прегрнувате разговарајќи за најдлабоките делови од вас, вие сакате да бидете целосно свесни кога сте во негова/нејзина близина.

