Никој не е совршен: Како го доживуваат своето тело ангелите на Victoria's Secret?

Никој не е совршен: Како го доживуваат своето тело ангелите на Victoria’s Secret?

Тие се прогласени за најубави жени во светот. Им се восхитуваме и ги доживуваме како вистински воини кои секогаш изгледаат прекрасно. Тие се преубави, сексапилни, едноставно совршени! Да, тоа се ангелите на Victoria’s Secret. Но, сепак и тие се обични жени како нас. Тие се доживуваат на поразличен начин од нашиот. Затоа погледнете како тие го доживуваат своето тело.

1-nikoj-ne-e-sovrshen-kako-go-dozhivuvaat-svoeto-telo-angelite-na-victorias-secret-www.kafepauza.mk_

1. Александра Амбросио

„Секоја жена има различен метаболизам и различна генетика, па наместо меѓусебно да сѐ натпреварувате потрудете се да изгледате најдобро што можете. Сите ние имаме денови кога не сакаме да покажеме ниту еден дел од своето тело, затоа имаме фармерки и широки блузи. Понекогаш во такви денови морав да бидам на фотосесија, но таков е животот.“

2. Адријана Лима

„Моето тело многу сѐ промени после породувањето. Вежбам многу и навистина водам сметка како изгледам, бидејќи тоа е составен дел од мојата работа. Меѓутоа кога ќе добиете деца ќе сфатите кои се најважните вредности во животот. Денес жените се многу независни, водат свои бизниси, способни се да се борат за себе и тоа ме инспирира.“

3. Дауцен Крос

„Вежбам многу, бидејќи моето тело не е слабо, имам облини. Сакам да уживам во животот, но водам здрав живот. Водам сметка за моето тело и се хранам умерено.“

4. Карли Клос

„Мислам дека луѓето не разбираат како ние се храниме и живееме. И ние сме живи суштества како останатите и можам да кажам дека имам среќен, исполнет и здрав живот. Знам да се размазам, но затоа пак вежбам многу. Ги обожавам слатките, но се трудам да имам мерка, бидејќи тоа е најдобар начин да издржам. Не држам диети, бидејќи не сум нивен фан, но секогаш се трудам да се хранам здраво.“

5. Лили Одриџ

„Јас сум жена и нормално е да имам облини. Имам дете и признавам дека тренирав напорно после породувањето. Меѓутоа сметам дека жените не треба да чувствуваат притисок. Јас одлучив да ги изгубам килограмите на здрав начин. Иако за тоа е потребен подолг временски период, јас успеав за четири месеци. Не оптоварувајте се со тоа премногу, сепак сите ние сме луѓе и се трудиме најмногу што можеме.“

2-nikoj-ne-e-sovrshen-kako-go-dozhivuvaat-svoeto-telo-angelite-na-victorias-secret-www.kafepauza.mk_

6. Џордан Дун

„Како тинејџерка сакав да бидам танчарка или актерка. Мразев да се гледам во огледало бидејќи бев премногу висока и слаба. Луѓето постојано ми велеа дека треба да се занимавам со манекенство, но се плашев да започнам да работам нешто во кое мојата висина и тежина ќе бидат мерило за успехот. Меѓутоа, со тек на време се навикнав на тоа и научив да ги сакам своите недостатоци. Мислам дека секоја жена треба да се погледне во огледало и да се чувствува сигурна во себе.“

7. Кендис Сванепол

„Тајната на мојата самодоверба е во напорното вежбање, здравата исхрана и давањето сè од себе кога работам нешто, за подоцна да не се каам кога сето тоа ќе заврши. Освен тоа, знам како да ги истакнам своите атрибути.“

8. Елса Хоск

„Луѓето кои ги гледаат нашите ревии треба да знаат дека пред секоја ревија вежбаме како да одиме на Олимпијада. Тренираме напорно за да изгледаме совршено, но тоа не подразбира прегладнетост туку стопроцентна посветеност.

9. Џоан Смолс

„Јас само сакам да ги рушам границите и да му покажам на целиот свет дека убавината е во различностите и дека не постојат правила кои ја дефинираат. Убавината е како виножито и секој има право да биде дел од него.“

10. Марта Хант

„Се трудам да не претерам во ништо, бидејќи не сакам да изгледам премногу слабо. Секогаш мора да имате мерка. Затоа вежбам секојдневно, но не се одлучувам секогаш за кардио тренинзи. Сфатив дека моделот треба да има облини и се придржувам до тоа. Секогаш во глава ви е мислата’ Мислам дека треба да изгледам послабо’. Затоа јас одбирам да изгледам поздраво.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар