Многу луѓе имаат навика да ги чуваат пластичните шишиња од вода или сок за да можат повторно да ги употребат за слична намена, не знаејќи дека тие може да бидат отровни. Секоја пластична амбалажа не е наменета за повеќекратна употреба. Некои шишиња треба да се употребат еднаш и потоа да се фрлат.rnrn
rnrnНа дното на секоја пластична амбалажа се наоѓа триаголен знак со бројка во средината, а под него е ознаката која кажува колку е опасна пластиката што ја држите во рака. Ако шишето е наменето за еднократна употреба, не би требало да го користите повеќе пати.rn
Пластика само за еднократна употреба
rnПовеќето шишиња од минерална или обична вода како и од газирани и негазирани пијалаци имаат ознака PET (често се среќава и како PETE) со бројот 1 во триаголникот. Важно е да знаете дека тие шишиња се наменети исклучиво за еднократна употреба. Постои можност со секое ново полнење во водата да го испуштат тешкиот метал антимон, хемиското соединение EPA, кое го попречува функционирањето на хормоните. Таквите шишиња можат да испуштат и канцерогени материјали.rnrn
rn
Оваа пластика е сигурна
rn
Ќе ја препознаете по ознаките HDP (или HDPE), LDPE и PP или по броевите 2, 4 и 5.
rnHDP (HDPE) е добра пластика за која постои најмала веројатност од испуштање хемикалии во водата.rnrnLDPE е вид пластика која за жал не се користи за изработка на шишиња, туку само за ќесички за пакување намирници.rnrnPP е исто така добар избор, пластика која се користи главно за чашки јогурт и има бела боја.rnrn
rn
Оваа амбалажа треба целосно да ја избегнувате
rn
Тоа е пластиката со ознаки PVC (некогаш и 3V), PS и PC (често и без ознака) или по броевите во триаголникот 3, 6 и 7.
rnPVC испушта две опасни хемикалии кои ја нарушуваат работата на хормоните во организмот. И покрај тоа, оваа пластика се користи за производство на шишиња.rnrnPS во водата ја испушта канцерогената материја стирен. Најчесто се користи за пластични чашки за кафе за еднократна употреба или за амбалажа за брза храна.rnrnPC (или без ознака, но со број 7) е најлоша пластика за амбалажа на прехранбени производи бидејќи ја испушта опасната хемикалија BPA. За жал се користи во амбалажи за бебиња, шишиња за спортисти и садови за подготовка на храна.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.