КАФЕ ПАУЗА

ТВ серија: Дердевил (Daredevil)

Уште една хит ТВ серија од Марвел

rnТВ серија: Дердевил (Daredevil)Главни улоги: Чарли Кокс, Дебора Ен Вол, Елден ХенсонrnrnЖанр: акција, криминалrnrnКреатор: Дру ГодартrnrnПремиера: 10 април 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnДоколку сте љубители на Универзумот кој го создаде Марвел, тогаш сигурно сте запознаени и со овој херој. Како и во претходните ТВ серии и филмови, тие повторно прават одличен избор на актери кои совршено ја одигруваат својата улога. Првата епизода започнува малку бавно, водејќи нè чекор по чекор во животот на Мет Мурдок и неговиот соработник Фоги Нелсон, но тоа не значи дека недостасува акција. Баш напротив, дејствата се одвиваат многу доследно и сите настани се фино распределени со цел да ни ја покажат подобро целата слика. Плус серијата е од Нетфликс, а тоа значи и дека сите епизоди се веднаш достапни за гледање.rnrn(1) ТВ серија: Дердевил (Daredevil)rnrnПриказната започнува со сообраќајна несреќа, каде што едно мало момче е повредено. Тоа сакајќи да спаси еден старец, останува без својот вид. Дејството нè води многу години подоцна, кога момчето е веќе возрасен човек. Мет Мурдок е сè уште слеп, но многу брзо ќе откриеме дека проблемот со неговиот вид не го спречува да го живее својот живот нормално и да продолжи со спасување на оние луѓе чии живот е во опасност, исто како старецот во сообраќајката кога тој беше само дете.rnrn(2) ТВ серија: Дердевил (Daredevil) (3) ТВ серија: Дердевил (Daredevil)rnrnМет можеби е силен херој за време на ноќта, но преку ден тој е само еден обичен адвокат кој се обидува да отвори канцеларија со својот партнер Фоги. Барем така изгледа на прв поглед. Она што го издвојува Мет од останатите адвокати е неговата способност да почувствува дали одредена личност лаже или не. Неговиот изострен слух, поради недостатокот на видот, му овозможува да го чуе отчукувањето на срцето на неговите клиенти и на тој начин открива дали тие ја говорат вистината. И покрај тоа што е слеп, понекогаш тој гледа многу повеќе од другите. Да не должиме, ако сте расположени за нова Марвел серија, тогаш со сигурност ќе ви се допадне и оваа.rnrn(5) ТВ серија: Дердевил (Daredevil) (4) ТВ серија: Дердевил (Daredevil)rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.