Како да откриете дали тој од вас сака само секс?
Можеби тој нема директно да ви каже да си одите од неговиот стан по сексуалниот однос, но на сите можни начини ќе ве натера да сфатите сами дека навистина би сакал да си одите. Погледнете ги овие знаци кои можат да ви послужат како показатели дека тој едноставно не е заинтересиран за ништо повеќе од дружењето во спалната соба…
1. Постојано ви вели дека сте секси
Ова е единствениот коментар кој некогаш ќе го чуете од него. Иако повеќето жени навистина уживаат во тој епитет, сепак кога тоа е единственото нешто што излегува од неговата уста за вас, може да се смета како знак дека нема да одвои повеќе време да ги запознае и другите ваши квалитети.
2. Не споделува приватни информации со вас
Доколку тој планира само да спие со вас, тогаш зошто би споделувал приватни информации за себе? Тие само ќе ви го одземаат времето за сите оние сексуални работи кои можете да ги направите заедно, па токму затоа тој воопшто не ни размислува да започнува ваков вид теми на разговор.
3. Често иницира секс
Тој скоро секогаш иницира секс, без притоа да води сметка за тоа дали во моментот е соодветно време и место за тоа. Кога мажот сака нешто повеќе во врската, тој ќе одвои повеќе време за вас и ќе иницира сексуален однос кога ќе почувствува дека околу вас владее соодветната атмосфера. Во спротивно, тој ќе го користи другото време за да ве запознае колку што е можно подобро.
4. Не дозволува да преспиете во неговиот дом
Можеби тој нема директно да ви каже да си одите од неговиот стан по сексуалниот однос, но на сите можни начини ќе ве натера да сфатите сами дека навистина би сакал да си одите. Тој ќе користи различни изговори за да ве „избрка“ велејќи ви дека следното утро има важен состанок или пак, дека мора да се пакува за бизнис патување. Токму затоа тој и повеќе сака да имате односи во вашиот дом, бидејќи од таму може полесно да стане и да си замине.