Луѓето секогаш имаат замерки, или си премногу дебела, премногу слаба, дури и „премногу“ бремена. Злобните усти секогаш имаат што да кажат, а ни малку не се поштедени познатите жени во шоу-бизнисот. Ова се дел од жените кои совршено возвратија на злобните коментари и со достоинство си го одбранија своето тело. Погледнете ги најдобрите контраудари на злобните коментари поврзани со тежината.rnrn
rn
1. Кели Кларксон
rnОткако ТВ ѕвездата Кејти Хопкинс злобно искоментира дека талентираната Кели Кларксон изгледа како да ги изела своите придружни вокали, ѕвездата која скоро стана мајка, возврати: „Баш ми е гајле, јас сум неверојатна!“ Подоцна, во шоуто на Елен додаде: „Едноставно ти си тоа што си. Не значи дека ќе си таков/ва засекогаш. Некогаш сум во форма и боксувам кик бокс како луда, а некогаш не сум и порадо би се напила чаша вино.“rnrn
rn
2. Габори Сидиби
rnПо церемонијата Златен глобус 2014, Габори Сидиби доби многу негативни коментари за својата тежина, на што за возврат твитна: „За сите оние кои пишуваат злобни коментари за моите слики од Златниот глобус, бидете сигурни дека синоќа се отепав од плачење поради тоа на мојот приватен авион додека се упатував кон мојата работа од соништата #ЈК (само се шегувам).“rnrn
rn
3. Пинк
rnПо добротворниот настан за борба против ракот, организиран од нејзина пријателка, Пинк доби многу негативни коментари за зголемувањето на нејзината тежина. Гневна што луѓето не се фокусираат на целта на настанот туку поважна им е нејзината тежина, таа возврати: „Ќе признаам дека фустанот не изгледаше толку добро како кога се сликав во мојата кујна, но исто ќе признаам дека се чувствував убава. Совршено сум добра, среќна, и моето здраво, стрвно и лудачки силно тело е на сосема заслужен одмор.“ Пинк во истата прилика додаде и дека кога нејзината ќеркичка ја допирала за стомакот прашувајќи ја зошто е толку мека, таа ѝ одговорила дека е така бидејќи е среќна.rnrn
rn
4. Алиса Милано
rnОткако комичарот Џеј Мор искоментира дека актерката по породувањето решила да не се грижи за своето тело, таа совршено возврати, „убивајќи“ го со љубезност: „Многу ми е жал што почувствува потреба јавно да ме исмееш поради мојата тежина. Секое добро. Поздрав и многу љубов за твојата убава жена.“rnrn
rn
5. Аријана Гранде
rnОткако Аријана постави видео од нејзиниот настап со Ники Минаж, не стивнаа коментарите за тоа дека таа има мал задник. На тоа Аријана без ронка срам одговори дека го тресе својот убав и сладок, мал но згоден задник заедно со големиот задник на Ники, и дека и двете имаат навистина совршени задници. „Што велите да имаме поголема почит кон изгледот на луѓето и да ги охрабриме да се чувствуваат секси без разлика како изгледаат?!“rnrn
rn
6. Лејди Гага
rnОткако Гага објави фотографија на која јасно се гледа промената во нејзината телесна тежина, доби еден куп коментари за вишокот килограми. На тоа возврати: „Па што ако имам голем стомак понекогаш, некогаш немам. На светот има луѓе кои гладуваат.“ Исто така додаде: „Порадо би била дебела отколку плитка.“rnrn
rn
7. Деми Ловато
rnПо нејзиното враќање од рехабилитација поради проблемите со депресија и булимија, Деми Ловато повторно зачекори на црвениот тепих. На негативните коментари возврати: „Погодете што, јас сум здрава и среќна, а ако коментирате лошо за мене, очигледно вие не сте.“rnrn
rn
8. Џесика Симпсон
rnЗа време на нејзината бременост во 2012, Џесика доби навистина многу злобни коментари за нејзината тежина. Еве што имаше таа да каже по породувањето: „Мислам дека секоја жена која е бремена и носи во себе нов живот има право да јаде сè што сака, сè додека е среќна. Немаше да им дозволам на медиумите да ми го одземат еден од најсреќните мигови во мојот живот.“rnrn
rn
9. Клои Кардашијан
rnКлои целиот свој живот добива негативни коментари за нејзиното тело (иако, реално, изгледа прекрасно), дури и од нејзината мајка. Откако и нејзиниот брат доби лавина коментари за наглото зголемување на неговата тежина, таа жестоко возврати: „Колку сте плитки. Толку е одвратно да се критикува некој само поради надворешниот изглед. Пораснете!“rnrn
rn
10. Адел
rnУспешната и неверојатно талентирана британска пејачка целиот свој живот се соочува со вакви критики. Во една пригода има изјавено дека никогаш не сакала да изгледа како моделите од насловните страни. „Го претставувам мнозинството жени и навистина сум горда на тоа.“rnrn
rn
11. Џенифер Лоренс
rnМладата актерка отворено раскажала дека на почетокот на нејзината кариера ја советувале дека ќе биде поуспешна доколку ја намали тежината. „Ми покажаа мои слики на кои бев речиси гола и ми рекоа дека ќе ми послужат како мотивација.“ Иако одбила да го промени своето тело за да стекне повеќе слава, сега Џенифер Лоренс важи за една од најуспешните актерки, а наградите со кои се кити нејзиното име на толку млада возраст прават да биде импресивна. „Ако некој макар се осмели да ми дошепне диета, едноставно му велам да од*бе.“rnrn
rn
12. Ејми Шумер
rnОткако беше наречена „буцкаста“, актерката и комичарка Ејми Шумер возврати со постирање на топлес фотографија со опис во кој вели дека нема план да го промени својот конфекциски број и дека луѓето едноставно може или да ја прифатат како таква или не. „Од сè срце ви велам, ич не ми е гајле.“rnrn
rn
13. Мелиса Мекартни
rnНа оваа откачена актерка ѝ беа упатени злобни коментари дека е со големина на трактор и дека ја посветила својата кратка кариера само за да се дебели и да биде непривлечна, совршено успевајќи и во двете работи, на што таа возврати: „Едноставно помислив дека тој човек мора да е во навистина лоша ситуација во својот живот, додека јас сум во навистина среќна.“ Исто, Мелиса додаде колку нејзиниот сопруг и нејзините деца ја прават среќна секој божји ден.rnrn
rn
14. Ким Золчак
rnОткако Ким објави фотографија на Инстаграм на која доби коментари дека има „дебелки“ нозе, ријалити ѕвездата изјави: „Да, имам големи, или како што некои од моите следачи ги нарекоа дебелки нозе, секогаш сум имала и сакам што се такви.“ За време на своето патување, таа продолжи да постира фотографии во бикини.rnrn
rn
15. Тајра Бенкс
rnОткако беше исмеана поради големиот задник на една фотографија, убавата Тајра во своето шоу го облече истиот костим, порачувајќи им на „хејтерите“ дека може слободно да го бакнат нејзиниот дебел задник.rnrn
rn
16. Сара Миликан
rnПо нејзиното појавување на наградите БАФТА, Сара беше критикувана за нејзината тежина и за тоа како ѝ стои фустанот. Таа возврати со есеј на Радио Тајмс, а една од најсилните пораки беше: „Се извинувам. Мислев дека ме поканија на таков настан бидејќи сум добра во она што го правам.“rnrn
rn
17. Кристен Бел
rnДодека беше бремена, американската актерка и пејачка Кристен Бел беше критикувана за нејзината фигура. Таа едноставно одговори: „Не сум жена чие достоинство се мери со големината на нејзиниот фустан.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.