Велигденски капкејк колачи во форма на птичје гнездо
Совршен десерт за велигденските празници
Потребни состојки:
За тестото:
- 400 грама шеќер
- 160 грама брашно за сите намени
- 50 грама незасладено какао
- 1,5 лажичка прашок за печиво
- 1,5 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка сол
- 2 јајца
- 240 милилитри млеко
- 50 милилитри растително масло
- 2 лажички екстракт од ванила
- 240 милилитри зовриена вода
За бојата на основата:
- 60 грама путер
- 300 грама шеќер во прав
- Зелено-сина боја за храна
За чоколадното гнездо:
- 110 грама путер
- 140 грама какао
- 600 грама шеќер во прав
- 80 милилитри млеко
- 1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
За тестото:
Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Измешајте ги заедно шеќерот, брашното, какаото, прашокот за печиво, сода бикарбоната и солта во голем сад. Потоа додајте ги јајцата, млекото, маслото и ванилата. Сите состојки матете ги околу 2 минути на средна брзина, а потоа додадете ја и водата. Сипете ја смесата во калапот за мафини и печете 22 до 25 минути. Оставете ги да се оладат целосно, а потоа ставете ги во фрижидер. Од оваа смеса ќе добиете околу 30 капкејк колачиња.
За декорацијата:
1. Намачкајте ги колачињата со обоената смеса и потоа подгответе го шприцот со чоколадната смеса.
2. Почнете со исцртување кружна форма врз зелено-сината позадина.
3. Погрижете се таа да биде целосно затворена.
4. Со помал врв на шприцот почнете да исцртувате нови линии, така што ќе се движите напред-назад од средината на кругот кон крајот.
5. Завршете така што ќе исцртате уште еден круг движејќи се по крајот на линиите.
6. Декорирајте со мали чоколадни јајца.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.