Науката објаснува зошто жените ги привлекуваат самобендисани лоши момци
На почетокот од скоро секоја романтична комедија за средно училиште, можеме да забележиме како згоден и атлетски граден самобендисан дечко е во врска со најубавата девојка во училиштето. Од друга страна пак, чувствителното, грижливо и слабичко момче го гледа завидливо, прашувајќи се каде згрешил. Но, до крајот на филмот, слабичкото и смотано момче секогаш наоѓа начин да ја освои девојката, а со тоа и им овозможува на сите останати да се чувствуваат малку подобро за светот.
За жал, тоа не се случува во реалноста. Жените едноставно постојано се привлечени од нарцистички мажи со кои подоцна завршуваат во брак. Токму затоа неодамна Кери Хаслам и Тамара Монтроуз од колеџот Хартбури во Англија, спровеле истражување во кое ја тестирале поврзаноста на бракот, врските и нарцистичките мажи.
Во студијата биле испитувани 146 британски жени, на возраст од 18 до 28 години. Резултатите ни откриваат дека овие жени постојано биле во врски со самобендисани кретени во минатото, но тие никогаш не ја научиле својата лекција и продолжиле и понатаму да ги бараат овие видови мажи. Но, она што е уште поинтересно е дека жените едноставно ги сметаат нарцистичките мажи за привлечни, па токму затоа оние кои сакале да бидат во брак, почесто ги избирале нив за оваа цел.
Со други зборови, жените кои барале сериозни врски, постојано биле привлечени од мажи кои се претставници на спротивното. Наводно, сè се врти околу самодовербата и моќта која ја покажуваат нарцистичките мажи. Кога жените бараат соодветен партнер, изгледа овие квалитети се оние кои ги преферираат. Секако покрај овие „позитивни“ карактеристики, нарцистичките мажи се исто така и измамници. Со други зборови тие се неверни, размислуваат само за себе, не ѝ даваат никаква поддршка на партнерката и накратко се ужасни човечки суштества. Изгледа жените ги занемаруваат овие негативни карактеристики. Срцето го сака тоа што го сака, се согласувате?