16 причини поради кои другарствата од средно остануваат за цел живот

Сподели

Кога некој ќе спомне другари од средно, реакцијата на секој повозрасен соговорник е дека тие другарства траат цел живот поради овие причини.

Реклама

rn

1. Заедно сте пораснале

rnГодините во средно училиште се период во кој многу брзо се расте. Од речиси мало дете одеднаш станувате речиси возрасен човек. Оние кои биле покрај вас во тие денови се оние со кои заедно сте пораснале во тој период, сте имале заеднички интереси и заедно сте поминале моменти кои се вредни за сеќавање.rn

2. Секогаш може да им се вратите

rnКолку време и да сте биле одвоени, овие пријатели секогаш се такви на коишто можете да им се јавите и да се присетувате на глупостите што заедно сте ги правеле.rn

3. Заедно сте поминале низ првите љубовни проблеми

rnСте си давале поддршка едни на други кога за првпат сте го вкусувале љубовното разочарување. Никој не бил оставен сам да го лечи скршеното срце.rn

4. Никогаш не ви суделе

rnСекако дека во средно училиште има и деца кои им судат на сите и ги озборуваат, но оние кои до ден-денес ви останале пријатели никогаш не се дрзнале да го сторат тоа.rn

5. Од нив сте го добиле првото сексуално образование

rnСигурно имало некој во вашето друштво кој „знаел сè“ за сексот. Од денешен аспект тоа може да изгледа смешно, но во тоа време многу ги зацврстило врските меѓу вас.

rn

6. Заедно сте седеле и сте бегале од часови

rnИ тоа е една од работите кои се заслужни за вашата цврста врска која сè уште трае.rn

7. Заедно сте се опијаниле за првпат

rnТие се нашле во вашиот живот баш во периодот кога најмногу се експериментира со алкохолот. Заедно сте експериментирале, заедно сте се опијаниле за првпат, заедно сте се опијаниле и по стоти пат и сте се носеле до дома кога веќе не сте можеле да стоите на нозе.rn

8. Повторните собирања со нив се прекрасни

rnЌе ги видите на пет или десет години од матура и како ништо да не се сменило. Чувството кое го имате на таквите средби со нив е исто како кога правевте глупости во тинејџерските години.rn

9. Тие секогаш имале разбирање за границите поставени од вашите родители

rnСигурно родителите ви поставувале бројни ограничувања додека сте оделе во средно училиште. Не сте смееле да пиете алкохол, не сте смееле да пушите, сте морале да се вратите пред 12 часот навечер итн. Но вашето друштво секогаш имало разбирање за вас знаејќи колку многу уживате да се забавувате заедно.rn

10. Се разбирате и без да ги кажете работите

rnНе мора да ги кажете работите за тие да ве разберат. Имале доволно време и ситуации со вас за да можат да предвидат или да ве прочитаат по изразот на лицето.

rn

11. Можете да разговарате за другите соученици

rnСекој од вас знае кај го однел животот секој ваш соученик. Тоа ви е една од омилените теми на разговор кога ќе седнете заедно после некое време.rn

12. Имате шеги за професорите

rnБез разлика дали професорот бил добар кон вас или „ве мразел“, без разлика на тоа дали зборувал на смешен начин или не, вие сигурно имате еден куп шеги за нив и се смеете секогаш кога се присетувате на тоа. Секако, има и еден од вас што добро знае да ги имитира сите нив.rn

13. Сте си ветиле дека никогаш нема да загубите контакт

rnИ се држите до таквото ветување, затоа што тоа се другари кои остануваат и за понатаму во животот.rn

14. Сте поминале заедно низ многу заеднички проблеми

rnЉубовни проблеми, проблеми со професорите, со родителите, со вратарите на дискотеките, можеби и со полицијата и какви уште не случки сте поминале заедно. Од денешна перспектива некои од тие проблеми ви изгледаат смешно, но во тоа време одиграле силна улога во зацврстувањето на вашето пријателство.rn

15. Знаете по нешто од кое некој од вас се срами

rnВо толку време поминато заедно сигурно сте доживеале и по нешто од кое некој од вас се срами и не сака да зборува за тоа со сите. Но, кога сте сами и кога можете да си зборувате отворено, вие најчесто се смеете на тоа.rn

16. Заедно сте излегле живи од тинејџерските години

rnГодините во средно училиште се многу бурни и многу интензивни. Пријателствата кои се формираат тогаш се поткрепени со најразлични заеднички искуства од кои на крајот излегувате како од војна. Таквите пријателства не можат да не траат цел живот.

Популарно

Може ќе ве интересира