Митесерите се оние црни точки кои се појавуваат на лицето и за кои постојат многу козметички препарати кои даваат многу различни резултати. Можете да се обидете да се ослободите од нив со помош на оваа маска која се прави само од две сосема природни состојки. Таа ќе помогне во нивното отстранување, а со тоа ќе спречи и бактериите да завладеат со порите на кожата на вашето лице и да создадат акни.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- една белка од јајце
- една лажичка свеж исцеден сок од лимон
rn011
rn
rn
Начина на подготовка:
rnИзматете ја белката како кога правите шлаг и кога ќе добиете таква смеса додајте го и сокот и продолжете со мешање.rnrnПрво измијте го лицето со топла вода за да ги отстраните сите нечистотии од него, а потоа со помош на четка нанесете ја маската на целото лице освен на очите. Оставете ја да стои на лицето 20-25 минути, симнете ја, измијте го повторно лицето и нанесете го кремот за лице кој секојдневно го користите.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.