Постои ли нешто попривлечно и повкусно од сланина? Сите оние утра кои ги започнувате со неа, сигурно се најдобрите утра во вашиот живот. Меѓу луѓето владее погрешно мислење дека сланината не е воопшто здрава, но вистината е спротивна, па токму овие 10 нешта се доказ за тоа.rnrn
rn
1. Сланината е единствената намирница која истовремено е и слатка и солена
rnИ токму затоа таа со сè одговара. Неверојатно е колку добро функционираат овие два спротивни и сосема различни вкусови во сланината, кои се во целосна хармонија. Можеме слободно да кажеме дека сланината го спојува и она што не може да биде споено!rn
2. Таа е најдоброто оружје за борба против мамурлакот
rnНишто не може да излечи мамурлак толку добро како пржена сланина и една шолја кафе. Тоа е универзална вистина. Колку пати ви се случило да се разбудите мамурни со неверојатен копнеж за чизбургер со сланина?rn
3. Сланината ве заситува
rnТаа е богата со заситени масти, па токму затоа по нејзиното консумирање ќе бидете подолго време сити отколку кога јадете храна која изобилува со јаглехидрати. Доколку сте гладни, а сакате подолго време да бидете сити, секогаш одбирајте сланина!rn
4. Преполна е со витамини
rnДа, можеби ова ви звучи чудно, ама сланината изобилува со витамини. Таа содржи многу големи количества витамин Б кој е важен за имунитетот и општо за здравјето. Во неа се наоѓаат и до 65% од препорачаната дневна доза тијамин, како и нијацин. Токму затоа наместо да давате пари за различни мултивитамини, послужете се со оброк со сланина.rn
5. Сланината е дел од палео диетата
rnПалео диетата е еден вид режим на исхрана кој се заснова на исхраната на нашите предци, далеку пред преработената храна да дојде во нашите домови. Таа се состои од овошје, зеленчук и месо, каде што е вклучена и сланината.rn
6. Лесна е за подготовка
rnСланината е сон на секоја мрзлива личност – лесна е за подготовка и е екстремно многу вкусна. Неа може да ја подготви секој, дури и оние кои не се баш надарени за готвење. Најинтересно од сè е што можете да ја подготвите и во микробранова печка.rn
7. Можете да ја комбинирате со секаков вид храна во кое било време од денот
rnСланина за појадок? Секако. Сланина за ручек? Да, благодарам. Сланина за вечера? Зошто да не. Таа добро оди со јајце, палента, бургери, скоро сите видови месо, салата…rn
8. Дури и кога не е добра, добра е
rnКако и секоја друга храна, различни компании произведуваат различни видови сланина, кои се помалку или повеќе вкусни. Но, дури и кога таа е премногу крцкава и не толку добро подготвена, сепак не можете да ѝ одолеете. Во секој случај, дури и лошата сланина секогаш ќе биде подобар избор од брокула!rn
9. Богата е со протеини
rnПротеините се клучна компонента за здрава диета и за наша среќа сланината е исклучително богата со нив. Протеините ви помагаат при одржување на коските, ноктите и кожата, па доколку сакате да бидете убави, не ја избегнувајте.rn
10. За секој човек постои различен вид сланина
rnСекогаш можете да јадете сланина, без разлика на вашите религиски верувања. Иако сланината најчесто е од свинско месо, таа може да биде и од мисирка, па дури и од патка.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.