Автор: Сара ТурановиќrnrnКозметичките производи на висока температура брзо се расипуваат, без разлика на тоа што не содржат конзерванси. Сите препарати за нега на телото, а особено за лице, во текот на летото чувајте ги во фрижидер или пак во ладна просторија каде што температурата не е над 20 степени Целзиусови. Доколку забележите дека некој производ го променил мирисот, или пак бојата, веднаш фрлете го без обѕир на тоа што не му е поминат рокот на траење, бидејќи вашата кожа може да ги претрпи последиците.rnrn
rn
Кога се чуваат во фрижидер и се добро затворени…
rn
- rn011
- Течната пудра трае до година дена
- Млекото за чистење лице трае 2 години
- Маскарата трае 6 месеци
- Сенката за очи трае 2 години
- Моливот за очи трае 3 години
- Руменилото и карминот траат околу 2 години
- Лакот за нокти трае 1 година
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnНајмногу грижете се за кремите и лосионите за лице, бидејќи ако во нив навлезат бактерии може да предизвикаат иритација на кожата и акни. Затоа најдобро е да купувате мали пакувања и да не собирате купови козметика.rnrnСовет плус: Козметиката во туба трае многу подолго бидејќи во неа потешко навлегуваат бактерии. Кремата за лице во кутија не вадете ја со прстите. Земајте ја со пластична лажичка, така ќе остане подолго време свежа.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.