Предлози и идеи за носење капчиња и шешири оваа сезона
Шапките се посебен моден додаток кои би требало да имаат задолжително место во сечиј плакар. Додаваат свежина и го разигруваат изгледот. Тие се најдобриот моден додаток кој повторно се враќа во мода оваа сезона. Можат да изгледаат елегантно и софистицирано, но и секојдневно и релаксирано. Плус, тие се најдобриот избор кога вашата коса е во лоша состојба, а ве мрзи да ја средувате. Еве неколку предлози и идеи како да ги носите, а одговараат на сечиј вкус.
Предлози:
1. Бејзбол капче за спортски шик
Бејзбол капата со патики, маичка и фармерки е одлична идеја ако целите кон секојдневен изглед. Исто така, ако сакате да направите некој посвечен изглед да изгледа порелаксирано или поспортски, едноставно додадете вакво капче.
2. Елеганција со шешир со широк обод
Ако носите нешто малку посвечено, како на пример елегантно здолниште со кроп топ или монохроматска комбинација, тогаш спојте го со интересен шешир со широк обод. Комбинирајте со чизмички или високи потпетици за нагласување на елеганцијата.
3. Плетена капа за сите сезони
Овој вид изгледа добро со толку многу комбинации што може да се носи во сите годишни времиња. Во комбинација со патики, маичка и бојфренд фармерки изгледа совршено и релаксирано. Наметнете сако или јакна за пошик изглед.
4. Сламен шешир за на плажа
Голем шешир кој го прекрива лицето од штетните сончеви зраци е единственото нешто кое ви е потребно во текот на летните месеци. Лесните шешири се одличен избор заедно со макси фустан. Исто така, сламената федора е супер за жежок летен ден со сандали, слатка маичка или тексас кошула и шорцеви. Или пак доволно е само костим за капење.
Изгледи:
Изглед бр. 1: Модерен комфор
Хеланките од скај се одлично надополнети со џемпер во неонска боја кој додава малку колоритност на црната комбинација. Балетанките и палтото со силно изразена текстура додаваат малку шмек на целокупниот изглед. Важно е да балансирате со изгледот кога носите шапка бидејќи не сакате да изгледате како новогодишна елка.
Изглед бр. 2: Софистицирана дама
Фустан со федора шешир е комбинација со која никогаш не можете да погрешите. Тесните хулахопки со едноставниот фустан изгледаат одлично кога се носат со зашилени полу-чизмички за софистициран, но сепак секојдневен изглед.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.