КАФЕ ПАУЗА

Пролетна диета: Најлесниот начин да ги изгубите „зимските“ килограми

Со доаѓањето на првиот пролетен ден доаѓаат и мислите за губење на вишокот килограми кои сме ги насобрале во текот на зимата, но кои успешно биле скриени под зимската облека. Ние едноставно се опуштаме кога носиме удобна и топла облека. Исто така тука се и многуте празниците кои секогаш влијаат лошо на нашата линија. Токму затоа, погледнете ги следниве неколку совети кои ќе ви помогнат да ги изгубите зимските килограми…rnrnПролетна диета: Најлесниот начин да ги изгубите „зимските“ килограмиrn

Јадете повеќе зеленчук

rnСо пролетта доаѓаат и големиот дел сезонски зеленчуци во кои можете да уживате без притоа да се грижите за внесување голем број калории. Тие се единствените нешта кои можете да ги јадете во големи количини без да се грижите дека ќе ве здебелат. Свежи салати и варени зеленчуци во комбинација со меса кои не се мрсни се одличен избор за ручек. Доколку ја изедете салатата како предјадење, вие за ручекот ќе изедете многу помалку од главното јадење.rn

Топол појадок

rnНутриционистите советуваат дека за појадок секогаш треба да одбирате топла овесна каша наместо суви житарки. Овесните снегулки содржат околу 300 калории на 450 грама, додека пак во поголемиот дел од житарките има премногу шеќер. Појадокот кој изобилува со хранливи влакна помага и при намалувањето на ризикот од дијабетес, срцеви заболувања како и карцином.rn

Пијте зелено

rnКога станува збор за освежителни пијалаци, исфрлете ги сите оние напивки кои содржат шеќери и заменети ги со здрави овошни коктели. Најдобро би било доколку се одлучите редовно да пиете зелен чај, бидејќи состојките од кои е тој составен го поттикнуваат телото да согорува калории и на тој начин ги намалува масните наслаги на телото. Но, за да има ефект, мора и почесто да почнете да се движите.rn

Награда со чоколадо

rnДоколку од исхраната целосно сте ги исфрлиле оние нешта во кои често знаете да уживате, тогаш големи се шансите дека оваа диета ќе ја сфатите како казна и токму затоа ќе почувствувате отпор и по некое време ќе ја прекинете. За да не се случи тоа, слободно одвреме-навреме наградувајте се со неколку коцки квалитетно темно чоколадо. Тоа не само што е дозволено, туку е и пожелно за оваа диета. Темното чоколадо е преполно со антиоксиданси, го намалува ризикот од срцевите заболувања, дијабетес, како и го намалува крвниот притисок. Исто така тоа е богато со железо, магнезиум и калциум кои се добро познати за подигнување на нивото на серотонин во крвта, а со тоа и подобрување на расположението.rn

Физичка активност

rnИмајте на ум дека не постои ниту една диета чии придобивки можете да ги искусите во целост доколку не почнете и со вежбање. Не мора да правите интензивни и напорни тренинзи, доволно ќе ви биде само секојдневна 30-минутна прошетка на свеж воздух.