Креативни начини на кои можете да ја поканите вашата симпатија на состанок

Сподели

Веќе подолго време ви се допаѓа одредена личност и се прашувате како да ѝ пристапите? Погледнете ги следниве 12 креативни начини на кои можете да оставите силен и позитивен впечаток и со сигурност да го извлечете потребното „да“ од неговите/нејзините усни за вашиот прв љубовен состанок.

Реклама

rn

1. Напишете лажен хороскоп

rnНапишете лажен хороскоп за да ја поттикнете вашата симпатија да се согласи за романтична средба и оставете го некаде каде што оваа личност со сигурност ќе го најде. Потоа пристапете му/ѝ со поканата и надевајте се дека тој/таа ќе го цени вашиот труд.rn

2. Направете веб-сајт

rnМожете да ги ставите сите вашите креативни таленти (музика, цртање, пишување, фотографирање…) на еден веб-сајт. Но, чувајте го сајтот приватен и овозможете ѝ пристап само на вашата симпатија. Или пак, доколку мислите дека ви е потребна поддршка, направете го јавен и додадете анкета каде што ги прашувате луѓето дали тој/таа треба да се согласи да излезе со вас на состанок.rn

3. Составете плејлиста

rnБез разлика дали ќе се вратите во минатото и ќе направите касета или MP3 плејлиста, ова е секогаш одличен начин за да го привлечете вниманието на вашата симпатија. Откријте кои песни тој/таа ги слуша и потоа наредете ги така што ќе добиете истовремено и забава, но и романса.rn

4. Мече кое зборува

rnСе чувствувате срамежливо? Снимете се себеси како го/ја поканувате на состанок и поставете ја снимката во плишано мече кое ќе ја пренесе за вас.rn

5. Порака во балон

rnОва е еден од најкреативните начини на кој можете да го привлечете вниманието на вашата симпатија. Напишете порака, поставете ја во балон со хелиум и во најдобар случај, тој/таа може да ви каже „да“ со висок тон во гласот предизвикан од гасот.rn

6. Напишете песна

rnМал број нешта можат да ги искажат вашите чувства подобро од љубовна песна. Токму затоа потрудете се да составите една искрена песна која ќе ја убеди вашата симпатија да ви даде шанса.rn

7. Напишете кратка приказна

rnНапишете кратка приказна која ги искажува вашите чувства. Нека не биде премногу интензивна, но дозволете му/ѝ да открие дека сте заинтересирани. Завршете ја приказната со прашањето: „Дали ќе излезеш со мене за да ја продолжиме заедно приказната?“rn

8. Улична уметност

rnТротоарот е вашето платно. Вратете ја назад забавата од детството така што ќе ја поканите вашата симпатија со помош на уметност на тротоарот.rn

9. Составете загатка

rnПоставете ѝ загатка на вашата симпатија и понудете се да ја решавате заедно. Кога ќе завршите, решението нека биде „Дали сакаш да излезеш со мене?“ Исто така може да вклучува срца и други слатки слики. Тоа ќе создаде забавна и романтична атмосфера која сигурно ќе доведе до ДА!rn

10. Колаче со порака

rnИспратете ѝ на вашата симпатија колаче со порака кое содржи покана за состанок. Ова секогаш успева!rn

11. Употребете куче

rnЗошто вие да ја поканите вашата симпатија на состанок кога тоа може да го стори и преслатко кутре за вас? Заврзете знак или порака околу неговото вратче и вашата симпатија треба да биде луда за да каже „не“.rn

12. Писмо

rnЗарем има подобар начин да освоите нечие срце од рачно напишано писмо кое ќе го испратите преку пошта? Ова секогаш успевало во минатото, па не гледаме причина зошто не би успеало денес…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира