40 можности за употреба на хидроген пероксидот во домашни услови

40 можности за употреба на хидроген пероксидот во домашни услови

Хидроген пероксид можете да набавите во секоја аптека за малку пари и со тоа ќе добиете средство кое можете да го употребите за многу намени во домот.

40 можности за употреба на хидроген пероксидот во домашни услови

Медицинска употреба

1. Нанесете го на мали ранички од коишто ви тече крв, како на пример кога ќе се боцнете со игла или ќе се исечете со нож. Тој ги запира малите крварења и ги чисти раните.

2. Нанесете го на инфицираните акни и тој ќе делува исто како на раничките.

3. Со него можете да ги лекувате раничките во устата. Измешајте го со вода и држете го во устата пред да го плукнете и да ја измиете устата со чиста вода.

4. Правете гаргара со хидроген пероксид еднаш неделно за да ги убиете бактериите кои предизвикуваат лош здив.

5. Измијте ги стапалата со мешавина од хидроген пероксид и вода за борба против невидливите габички на нозете.

6. Ставете неколку капки од оваа течност во увото за да се ослободите од ушните инфекции, но и покрај тоа јавете се на лекар.

7. Хидроген пероксидот помага и при чистењето на маснотијата од ушите. Неколку капки можат многу да помогнат.

8. Ако ве боли забот, а не можете веднаш да одите на заболекар, намалете ја болката држејќи хидроген пероксид измешан со вода.

9. Наполнете ја кадата со вода и додајте од оваа течност со цел да ги убиете сите бактерии кои се залепиле во меѓувреме на вашето тело.

10. Додајте хидроген пероксид во миксот со кој ја миете вагината при третирањето на габичните инфекции.

11. Ставете од оваа течност во устата и држете ја таму половина минута за значително да си ги избелите забите.

12. Мешавината од хидроген пероксид и сода бикарбона може да се користи како паста и избелувач за заби.

40 можности за употреба на хидроген пероксидот во домашни услови

13. Една третина хидроген пероксид и две третини течен сапун се добра мешавина која може да се користи наместо дезодоранс кој го измивате после 30 минути од нанесувањето.

14. Можете да го искористите и за лесно чистење на контактните леќи.

15. Малку од оваа течност на памук може да ви ги избели и ноктите.

16. Скријте ги корените на русо бојадисаната коса така што ќе го оставите да отстои половина час на нив.

17. Измешајте еднакви количини на хидроген пероксид и вода и како спреј нанесете ги на косата за да ја осветлите во деловите каде што сакате да го постигнете тоа.

18. Користете го одвреме-навреме за дезинфекција на четкичката за заби.

19. Употребете го и за омекнување на стапалата во комбинација вода.

40 можности за употреба на хидроген пероксидот во домашни услови

За чистење по дома

20. Дезинфицирајте ги чешмите брзо и лесно така што ќе нанесете малку хидроген пероксид на крпа и ќе ги избришете.

21. Нанесете малку од оваа течност на сунѓер за поефикасно да го исчистите талогот од плочките во кујната или бањата.

22. Подеднакво добро и на ист начин можете да ги исчистите и огледалата и другите стаклени површини по дома.

23. За чистење на ВЦ школката доволни ви се 100 мл хидроген пероксид кој ќе ги оставите да отстои дваесет минути пред да пуштите вода.

24. Нанесете хидроген пероксид директно врз трагите од влага на ѕидовите и потоа избришете.

40 можности за употреба на хидроген пероксидот во домашни услови

Употреба во кујната

25. Тоа е одлично средство за чистење на даската за сечење која инаку многу тешко се чисти. Тоа ќе ги убие и бактериите и ќе ја заштити храната која допрва ќе биде исечена.

26. Додајте неколку капки во средството за миење садови за потемелно миење.

27. Направете паста од сода бикарбона и хидроген пероксид за чистење на загорените садови за готвење. Прво истријте со оваа паста, оставете да отстои неколку минути, а потоа само измијте го садот со топла вода и тој ќе биде како нов.

28. И сунѓерите и крпите за бришење се полни со бактерии. Оваа течност е добар избор за да ги дезинфицирате.

29. Попрскајте ги овошјето и зеленчукот со хидроген пероксид за подолго време да останат свежи.

30. Употребете го и кога ќе го чистите фрижидерот за добро да го дезинфицирате и да ја отстраните евентуалната непријатна миризба.

40 можности за употреба на хидроген пероксидот во домашни услови

Разни други можности за употреба

31. Искористете го за чистење на дамките од килимот и други ткаенини. Тоа правете го само на светли ткаенини, затоа што хидроген пероксидот ги избелува обоените површини.

32. Исчистете и дезинфицирајте ги играчките на вашите мали дечиња. Тие сакаат сè да ставаат во уста, а едно такво чистење ќе ви ги намали грижите.

33. Користете го наместо избелувач при перењето. Особено е корисен при избелувањето на завесите и чаршафите.

34. Со него е полесно да ги исчистите и завесите во бањата.

35. Ако имате облека која подолго време стоела неупотребена и поради тоа сега мириса, исперете ја со мешавина од оцет и ходроген пероксид за да го отстраните мирисот.

36. Хидроген пероксидот има сличен хемиски состав како дождот и затоа можете да го употребите за побрзо ’ртење на семките.

37. Испрскајте ги молците со хидроген пероксид за да ги убиете.

38. Можете да го употребите и за чистење на алгите од ѕидот на вашиот аквариум.

39. Исто како што можете да го користите за лечење на вашите рани, можете да го употребите за лечење и на раните кај животните.

40. Ако вашето куче или мачка изеде нешто токсично од кое му се лоши, предизвикајте повраќање кај него така што во храната или во устата ќе му ставите еден милилитар 3% хидроген пероксид на секои два килограми тежина.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Maki Reply

    Ubavo bi bilo da napomenete vo prviot del (Medicinska upotreba) deka stanuva zbor za 3% rastvor..za nekoj slucajno da saka da si isplakne grlo so 6,9,12 ili 30% hidrogen :):)

Остави коментар