Зошто рацете и стапалата ви се постојано студени?

Сподели

На некои луѓе рацете и стапалата им се студени и кога е времето студено и кога е топло. Студените прсти обично не значат проблем со здравјето и се честа појава особено во студените денови, но кога се симптом на некое нарушување на здравјето тогаш можеби имате некој од следните проблеми.

Реклама

1. Анемија. Ако студените раце и стапала се јавуваат заедно со замор, малаксаност и главоболки, тоа може да значи дека крвта ви е слаба. Затоа треба да се јавите кај лекар и да направите анализа.

2. Дијабетес. Трпнењето на студените раце и стапала може да биде првиот симптом на дијабетес. Следниот симптом е засилениот апетит.

3. Тироидна жлезда. Кога тироидната жлезда има некој проблем и работи забавено, тоа доведува до забавување и на метаболизмот, а потоа и на студенило во рацете и нозете.

4. Стрес. Стресот го покачува адреналинот, а тој пак ја слабее циркулацијата на крвта поради што рацете и стапалата се ладат.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Популарно

Може ќе ве интересира