Кога патриотизмот го оправдува злото…
rn
Режија: Клинт ИствудrnrnУлоги: Бредли Купер, Сиена Милер, Кајл ГалнерrnrnВреметраење: 132 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 јануари 2015rnrnЖанр: акција, биографија, драмаrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnГледајќи го „Санјперист“ човек може да се запраша што сè може да биде оправдано во име на патриотизмот. Ова е биографски филм за еден патриот кој оди во друга држава да убива, за тоа добива статус на легенда и на крај е претставен како херој. Се работи за Крис Кајл, човек кој е познат како најдобриот снајперист во американската воена историја со преку 160 потврдени убиства. Тој подоцна напишал книга за своите искуства од војните на Блискиот исток и според неа Клинт Иствуд го создал овој филм.rnrn
rnrnНа почетокот на филмот дознаваме дека Крис е растен во стереотипно американско конзервативно семејство. Секоја недела одат во црква, зборот на насилниот татко е закон дома и веруваат дека на светот има многу варвари кои ја мразат нивната обожавана Америка. Татко му ќе го научи дека постојат три вида луѓе: овци – луѓе кои се бранат, волци – луѓе кои напаѓаат, и овчарски кучиња – луѓе кои ги бранат овците од волците, а тој им вели дека во неговата куќа има место само за овчарски кучиња. Веќе погодувате, растејќи во таква средина во време кога Америка е под терористички напади и закани, човекот – овчарско куче Крис Кајл има само еден избор – да ја брани својата татковина од волците.rnrn
rnrnСе пријавува во маринците, одлично ја поминува обуката и брзо по својата венчавка е повикан во Авганистан. Таму има задача со снајпер да го покрива својот тим за време на акција од можни напади. Толку добро си ја работи својата работа што за кратко време од другите војници го добива прекарот Легенда. Неколку пати добива одмор и се враќа во Америка кај сопругата и децата, но Легендата едвај чека пак да се врати и да им служи на својата татковина и на оние кои ја бранат во далечниот Авганистан. Сопругата му се жали дека таа практично нема маж, дека децата ретко го гледаат, но тој и понатаму татковинската должност ја става пред семејната.rnrn
rnrnЦелиот филм се врти околу ликот на овој човек. Нема вистинско дејство, туку само ја следиме неговата приказна во Авганистан и поретко во Америка, притоа добивајќи информации за неговиот лик и дело. Мора да се спомне дека и таков каков што е содржи доволно акција во себе, ја одржува тензијата и непредвидлив е поради тоа што нема класичен тек. За пофалба е и глумата на Бредли Купер. Неговата изведба е исто толку добра како и многуте негови претходни улоги.rnrn
rnrnТоа дали ќе ви се допадне филмот најмногу зависи од тоа како го сфаќате патриотизмот. Ова е филм за човек кој оди во војна за да убива, добива статус на легенда и ужива во тоа. Дури и кога ќе реши да смени нешто во животот, тоа нема да биде поради неговата совест. Ако не сакате возвишување и ставање на пиедестал на вакви ликови, најдобро е да го скокнете филмот. Ако тоа не ви пречи и сакате акции со многу пукање и крв од љубов кон татковината, „Снајперист“ е филм кој ќе го паметите долго време.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
