Што можете да добиете во Париз за 5.000 денари?

Сподели

Париз е скап град, но не до толку за да не можете никогаш да го посетите. Оваа прекрасна метропола е достапна и за помал буџет. Овде можете да прочитате што можете да добиете таму за 5.000 денари или помалку, што денес е некаде околу 80 евра, а тоа нека ви послужи како насока за правење на буџетот ако планирате патување таму.

Реклама

rn

Сместување

rnСместувањето во Париз е скапо и е најголемиот финансиски товар при патувањето таму. За сума до 5.000 денари:rn

    rn011

  • Можете да изнајмите соба за двајца за две ноќевања преку ЕрБнБ, но не во центарот на градот
  • rn011

  • 3 ноќевања во хостел за едно лице во повеќекреветна соба во центарот на градот
  • rn011

  • 2 ноќевања во хотел со две ѕвезди за едно лице
  • rn

Храна и пијалаци

rnТрошоците за храна многу зависат од вашиот апетит и тоа што сакате да јадете. Како и да е, 5000 денари ќе ви стигнат за:rn

    rn011

  • Барем 40 кроасани, зависно од кој дел на градот ги купувате
  • rn011

  • Околу 30 сендвичи од супермаркет
  • rn011

  • До 4 „Мени на денот“ оброци за едно лице во некој поевтин ресторан
  • rn011

  • Барем 20 сендвичи со путер, шунка и сирење, купени од пекара
  • rn011

  • Околу 30 палачинки
  • rn011

  • Над 30 кафиња, во зависност од цените во кафулето што го посетувате
  • rn011

  • 15-20 чаши вино во кафуле
  • rn011

  • Евтино и пристојно вино во супермаркет чини околу 300 денари, така што за тие пари можете да купите петнаесетина шишиња вино
  • rn

Транспорт низ градот

rnАко патувате во вака голем град мора да предвидите буџет и за градски транспорт. Со буџет од 5.000 денари ќе си овозможите:rn

    rn011

  • Една карта за неограничено користење на метрото, автобусите, возовите, трамвајот во период од пет дена, и ќе ви останат пари
  • rn011

  • 47 возења со метрото, повеќе ако купите многу билети наеднаш
  • rn011

  • 50 возења со метрото, ако купувате по десет билети наеднаш
  • rn

Туристички атракции

rnДобар дел од главните туристички атракции се бесплатни, но ако ги посетувате оние за кои се плаќа влезница, со оваа сума пари можете да си го дозволите следново:rn

    rn011

  • Шестдневен билет за сите музеи, замоци, катедрали за кои се плаќа и сл. За половина од парите можете да купите иста ваква карта која важи за два дена.
  • rn011

  • 3 едночасовни крстарења по Сена за двајца
  • rn011

  • 30-минутен аудио водич низ катакомбите за двајца
  • rn011

  • Сè на сè, за 5.000 денари ќе добиете дводневен билет за сите музеи и качување до врвот на Ајфеловата кула за едно лице плус крстарење по Сена за двајца, не сметајќи го изобилството од бесплатни туристички атракции
  • rn

rn 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира