Отстранете го забниот камен на природен начин со овие 4 рецепти

Сподели

Забниот камен се оние тврди наслаги кои остануваат како залепени за забите. Не е добро да ги имате затоа што со текот на времето го оштетуваат забот. Затоа е најдобро да посетувате забар барем двапати годишно заради чистење на забниот камен. Но, ако сакате и дома да си помогнете со тоа и да ја превенирате појавата, разгледајте ги овие неколку рецепти.

Реклама

rn

Рецепт бр. 1

rn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • 30 грама лушпи од ореви
  • rn011

  • малку вода
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnСтавете ги лушпите и водата во тенџере и варете околу 15 минути. Потоа ставете од течноста на четката за заби и мијте ги по пет минути три пати на ден.rn

Рецепт бр. 2

rn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • 4 лажички семки од сончоглед
  • rn011

  • 4 лажички цветови од липа
  • rn011

  • 1 литар вода
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnСтавете ги сите состојки во сад на тивок оган и варете околу половина час. Мијте ги забите со оваа течност по секоe јадење.rn

Рецепт бр. 3

rnСтавете малку јаболков оцет во устата, тријте ги забите со четка и потоа плукнете и исплакнете ја устата со вода. Применувајте го овој метод само еднаш неделно.rn

Рецепт бр. 4

rnСтавете малку сода бикарбона на четката за заби и тријте. Можете да додадете и малку сол. Освен што помага во избелувањето на забите, тоа помага и во отстранувањето на забниот камен.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира