Автор: Сара ТурановиќrnrnНе постои жена која не им се воодушевува на холивудските дами кои секогаш изгледаат средено, свежо, згодно, со еден збор – прекрасно. Истовремено, сите ние знаеме дека за тој изглед биле потребни часови и часови спремање за финалниот резултат да биде совршен. Но на задоволство на многу жени, холивудските убавици и познати дами открија неколку од најкорисните трикови за убав и совршен изглед.rn
1. Бијонсе
rnЖената е најубава кога се смее, а освен тоа најважно е да нанесува хидратантна крема, вели славната пејачка, позната по нејзиниот беспрекорен изглед.rnrn
rn
2. Ева Мендес
rnБронзерот е одличен начин да го освежите лицето. Дури и да не сакате шминка, измешајте малку бронзер со хидратантна крема и ќе добиете свеж изглед за секунда.rnrn
rn
3. Скарлет Јохансон
rnПри нанесување шминка секогаш сакам да започнам со мат подлога, а потоа да нанесам руменило – изјави популарната глумица, исто така позната по својата природна убавина.rnrn
rn
4. Кејт Винслет
rnВажно е да имате добра крема за околу очи. Особено ако сте под стрес или премногу патувате, бидејќи тогаш може да ве изненадат темните подочници.rnrn
rn
5. Гвен Стефани
rnСакам да нанесам неколку слоеви кармин. Прво нанесувам суви, матирани нијанси, а потоа сјајни и кремасти – споделува славната пејачка позната по црвените усни и руса коса.rnrn
rn
6. Гвинет Палтроу
rnКористам омега-3 рибино масло и го обожавам на својата кожа. Тоа ми е едно од најдобрите чувства на светот – изјави славната оскаровка позната по изразено здравиот животен стил.rnrn
rn
7. Хали Бери
rnЗа розов, природен изглед на усните прво нанесувам црвен кармин, а потоа го бришам и нанесувам безбоен сјај – едноставен и ефективен совет кој ни го откри популарната глумица.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
