17 чудни и интересни факти за бебињата

17 чудни и интересни факти за бебињата

Не сте знаеле сè за овие слатки мали суштества ако не ги знаевте и овие луди и интересни факти.

(1) 17 чудни и интересни факти за бебињата

1. На бебињата им растат мустаќи додека се во матката. И не само тоа, туку и се хранат со нив. Тие ги добиваат првите мустаќи во четвртиот месец од бременоста кои потоа се распоредуваат по целото тело, па паѓаат и бебето тогаш ги јаде.

2. Бебето двојно ја зголемува својата тежина во првите пет месеци. Во тој период тие само пијат млеко и спијат, па нормално и пожелно е да се случи тоа.

3. Бебињата имаат дополнителни рецептори за вкус покрај јазикот. Тие се распоредени низ устата и ги снемува со текот на годините.

4. Бебињата имаат женски хормони додека се во матката. Тие ги примаат хормоните од мајката и затоа имаат гради, кај нив се јавува лактација, а кај девојчињата и некаков мини месечен циклус. Кај некои, независно од полот, се јавува и крв на брадавиците на градите.

5. Нивните очи се 75% од големината на возрасните. Затоа очињата секогаш им се големи. Инаку во првите шест месеци бебињата се многу кусогледи, а потоа видот им се доведува во нормала.

6. Бебињата родени во мај се раѓаат потешки. Не се знае зошто, но статистиката јасно покажува дека во мај децата се раѓаат доста потешки од оние во другите месеци. Просекот е разлика од 200 грама.

17 чудни и интересни факти за бебињата

7. Бебињата преферираат женски глас. Без да знаат возрасните се приспособуваат на тоа кога им зборуваат со глас со каков што обично луѓето им се обраќаат на бебињата.

8. Бебињата можат да спијат и со отворени очи. Изгледаат чудно во тој момент, но тоа е нормално.

9. Момчињата имаат ерекции. И додека се во матката, и откако ќе се родат, машките бебиња можат да имаат ерекција.

10. Бебињата немаат капачиња во колената. Имаат нешто кое наликува на тоа, но тоа не се капачиња. Затоа се и многу поеластични.

11. Веројатноста за раѓање близнаци варира во зависност од географската локација. Во Западна Африка секоја 22-ра бременост завршува со раѓање близнаци, а во Јапонија шансите се 1:200.

12. Штотуку родените бебиња не пуштаат солзи кога плачат. Во првите три недели само вриштат.

17 чудни и интересни факти за бебињата

13. Можат да дишат и голтаат во исто време. Таа привилегија ја имаат само во првите седум месеци од животот.

14. На главата имаат мек предел кој пулсира. Тоа се случува додека черепот да добие на цврстина, а дотогаш тоа делува како мозокот да сака да излезе од главата.

15. Посилни се отколку што можете да претпоставите. Имаат стисок со раката кој е доволно силен за да го држат целото свое тело во воздух, слично како гимнастичарите.

16. Нивниот измет е совршен за создавање неред. Не само затоа што неговото присуство само по себе е неред, туку и поради тоа што има таква текстура и состав што лесно се шири наоколу.

17. Бебињата ги забораваат првите три години од животот. Сигурно ни вие не го паметите тој дел од вашиот живот, а причината за тоа е непозната.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар