Сакале ние или не, во животот наидуваме на секакви типови луѓе. Некои ни се допаѓаат, некои нè нервираат, а некои не би сакале да ги сретнеме повторно. Постои и оној тип луѓе кои се тешки и сложени и со кои едноставно не може да се разбереме за ништо. Нѐ нервираат и нѐ вадат од такт, а по малку и нѐ плашат, додека залудно се обидуваме да им објасниме нешто. Но факт е дека не е можно да се најде разумно решение за ниту еден проблем кога се зборува со неразумни луѓе. Она што може да се направи е да се применат овие 20 тактики кои сигурно ќе ви помогнат подобро да се справите кога ќе се најдете очи во очи со тешка личност. Иако делуваат невозможни на почетокот, навистина помагаат.rnrn
rn
1. Слушајте
rnКако и за сѐ останато, слушањето е чекор број 1. Фокусирајте се на она што го кажува личноста спроти вас, а не на она што вие планирате да го кажете.rn
2. Останете смирени
rnНервозата и повишениот тон нема да ве одведат никаде. Дишете длабоко и полека. Избројте до 10 пред да избувнете.rn
3. Не судете
rnНикогаш не ја знаете целата приказна и зошто другиот е таков каков што е. Обидете се да не го/ја осудувате предвреме.rn
4. Испочитувајте ја личноста спроти вас
rnАко не планирате да покажете почит за туѓото мислење, тогаш воопшто и не започнувајте разговор со тој некој. Испочитувајте го додека зборува без разлика како тој се однесува со вас.rn
5. Читајте меѓу редови
rnТој некој всушност се обидува да ви каже и покаже што сака и што нему му треба. Прочитајте меѓу редови и најдете го тоа нешто. Оттука, па натаму треба да е полесно.rn
6. Побарајте некој кој може да ви помогне
rnНекогаш трета личност може многу добро да влијае на решавање на недоразбирањето со кое се соочувате. Најдете ја таа личност во вашата околина и побарајте помош.rn
7. Не очекувајте да ви попуштат
rnКолку повеќе инсистирате дека тој/таа треба да попушти, толку повеќе ќе се расправате. Обидете се да прашате што всушност му/ѝ смета.rn
8. Не кажувајте Разбирам
rnНе постои нешто што повеќе ќе ја изнервира личноста со која не можете да се разберете од едно празно разбирам. Затоа не го кажувајте. Покажете дека разбирате ако навистина го мислите тоа или побарајте повеќе информации за да разберете.rn
9. Не се смејте
rnСмеењето додека се наоѓате во караница делува како да ѝ се потсмевате на личноста со која се карате. Делувате несериозни, незаинтересирани за нејзиното мислење и покажувате непочитување.rn
10. Не играјте одбранбено
rnВелат дека нападот е најдобра одбрана, но не и кога станува збор за расправија со навистина тешка личност. Одбранбениот став може само да ја влоши ситуацијата колку и да е нормално да почнете да се браните во тој момент. Обидете се со неутрални реакции.rn
11. Гневот не е решение
rnОчекувано е да бидете лути и нервозни, па дури и гневни. Но овие чувства преточени во зборови може само да го разгорат огнот. Смирете го гласот, намалете го тонот и обидете се да разговарате полека.rn
12. Не се убедувајте
rnВие си имате ваше мислење, тој/таа си има свое. Наметнувањето на своето мислење на другите никогаш не успеало, па зошто би успеало сега? Дали би ви се допаѓало на вас?rn
13. Одржувајте дистанца
rnСекој допир за време на караница, колку и да е добронамерен, може да биде погрешно сфатен. Избегнувајте да го допирате човекот со кој се карате и одржувајте се и себеси и него на безбедна дистанца.rn
14. Кажете Жалам или Ќе се обидам да го поправам ова
rnАко навистина го мислите, тогаш може да ви заштеди многу време и енергија.rn
15. Поставете граници
rnПаралелно на почитувањето и толеранцијата, мора да поставите и некои граници до кои смее да се оди. Кога тие ќе се преминат, не плашете се да ја побарате и вие почитта која ја заслужувате.rn
16. Верувајте им на своите инстинкти
rnТие скоро никогаш не ве лажат. Ако увидите дека работата оди на полошо, барајте решение да се извлечете од неа.rn
17. Не очекувајте иста реакција од сите
rnНе реагираат сите исто на ист проблем. Очекувајте дека личноста со која сега се расправате ќе реагира сосема различно одошто се надевавте и подгответе се да бидете флексибилни кога ќе се случи тоа.rn
18. Премотајте ја ситуацијата
rnРазговарајте со некој откако сѐ ќе помине. При рефлектирање на претходните настани може многу да се научи.rn
19. Опуштете се
rnВеројатно сте многу напнати и нервозни, па ќе ви биде потребен одмор од целиот стрес. Трчајте, прошетајте, преспијте. Направете го она што ќе ви помогне во отпуштање на стресот и смирување.rn
20. Охрабрете се себеси што успешно сте поминале низ тешка ситуација
rnПотребно ви е!rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.